Фудбал

Бараж за Светско: Хрватска на Грција, Италија во Скандинавија

Во седиштето на ФИФА во Цирих попладнево се одржа ждрепката на паровите за дополнителните квалификации за Светско 2018 во Русија.

21.000 гледачи на дуел од четврта лига

Во четвртиот ранг од хиерархијата на германскиот фудбал се постави нова рекордна посета: мечот Аугзбург II - Минхен 1860 го гледале 21.219 гледачи што е незамислива посета за многу други големи европски лиги.

Што правеше Инѕаги додека Имобиле шутираше пенал

Фудбалот во Италија е шоу кое не трае 90 минути, туку 24 часа на ден, а во тв емисиите водителите никогаш не се стерилни, туку напротив забавни и директни до даска. Од мечот Јуве - Лацио имаше една ситуација која кај нас никој нема муда да ја пушти во етер, а не па да ја прокоментира со тренерот. Инѕаги е кул дечко, а ова не е Македонија.

Лига во која и Барса и Реал би се намачиле

Италијанската втора лига отсекогаш била предмет на мистерија. Анонимни екипи од нигде никаде влегувале во Серија А, а славни клубови испаѓале во понизок ранг. Годинава конкуренцијата е ужасно голема а има и многу занимливи поединости.

Е мој Џими, куќо стара

Некогашниот голем потенцијал на Лион Џими Брианд веќе пар сезони игра за Генгам. Вчера на мечот против Рен неговите славеа 2:0, вториот гол го даде токму Брианд, но мечот ќе го паметиме по неговото смешно промашување.

Гушка на денот

Играч, падобранец на терен и полицаец во заедничка прегратка по повод првиот историски пласман на Панама на Светските првенства. Ова го прави само фудбалот.

Чиро Имобиле прв стрелец во Серија А - во што е тајната?

Колку е необично да се набљудува како 90-милиони платениот Гонзало Игуаин не минува низ својот најдобар момент, а во исто време Чиро Имобиле кој Јувентус го продаде пред 3 години за 9,5 милиони евра (половина од правата на договорот) се изнадава голови.

Одлична игра, добри резултати, заслужен напредок на рангот на ФИФА

Ако во март месец ги критикувавме дека се срам од невидени размери со рекордно најлошата 166-та позиција, сега мораме да ги пофалиме бидејќи се искачија на 85-та позиција.

Само величина како Џиџи го прави ова

Навивачите на Лацио и Џиџи Буфон по кој знае кој пат покажаа дека имаат посебен однос на взаемно почитување. Актуелниот шампион на Италија загуби од Лацио на домашен терен и промаши пенал во 95-та минута, но голманската легенда не заборави да се доближи до трибината на Лацијалите. Ова нивно поздравување стана еден вид ритуал после секој дуел меѓу Јуве и Лацио.

Роналдо на шева: Каде бе дете?

Борха Мајорал има само 20 години и премало искуство за да го ставиш во средина во едно вакво друштво. Малиот се обиде да му ја земе на Роналдо, а овој направи потег по кој сите се фатија за глава.

Шпанија последен пат загуби во квалификации за СП, кога Македонија уште немаше фудбалска репрезентација

На денешен ден пред точно 24 години, македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот официјален натпревар, а истата година Шпанија го забележа последниот пораз на квалификации за Светско. Колку е интересна ова историјава во фудбал.

Светски шампион кој потпишал со Реал, па станал електричар и возач на Де Хеа

Од гол во финале на младинско Светско првенство против Бразил до дното на шпанскиот фудбал. Ова е приказната за симпатичниот Баба Суле.

Вистинските цени за карти во Премиер лигата и не се така страшни

Иако со години наназад ги бие глас дека претеруваат со цените и нудат најскапи карти во Европа, сепак тоа не е баш така. Со понудите кои ги имаат клубовите, навивачите со сезонски билети заштедуваат 10 милиони фунти во една сезона.

Го уживавте ли голот на месецот во Премиер лига?

Го даде Антонио Валенсија во триумфот на Манчестер Јунајтед против Евертон 4-0. Еквадорецот распали уште во 4’ минута и заслужено ја доби престижната награда за гол на месецот.

Кога ќе видиш, Аргентина и не е така лош кандидат за злато

Во квалификациите за Светско 2018 „Албиселесте“ имала убедливо најмногу удари кон противничкиот гол 66 од кои 22 биле во рамките а само 4 завршиле во мрежата. Имаат сè што им треба, и добар селектор и играчи само треба да поработат на реализацијата за која има страшен мастраф.

Најатрактивната асистенција во кариерата на Фелаини

Плејмејкерот на Белгија го носеше дресот на Евертон шест сезони. Нема подобар агол од овој од каде е снимено ова негово маестрално додавање на кое со аплауз би му станал и Роналдињо.

Хуманитарната работа на Суботиќ од Дортмунд во Етиопија

Србинот Невен Суботиќ не е класичен прототип на современ фудбалер. Додека многу од неговите соиграчи уживаат во луксузниот животен стил, Суботиќ околу пет месеци во годината престојува во Етиопија, една од најсиромашните земји на светот и на локалните мештани им помага со вода, санација и хигиена.

Не е фер ако автоголов не го ставите на најавна шпица

Намерата е повеќе од јасна, сакаше да ја исфрли за да спаси гол, а од тоа од произлезе автогол кој не постои голман на светов што може да го одбрани. Фламенго - Флуминензе е мечот кој ни го носи автоголот на годината.

Кои се најголеми губитници откако САД не успеа да се пласира на Светско

Селекцијата на САД која на минатиот Мундијал стигна до осминафинале, не изеде само тежок срам со тоа што загуби од атусајдерот Тринидад и Тобаго и по 32 години остана без Светско, туку и ја оневозможи својата земја да сврти многу голема пара.

Како Нејмар му се претстави на светот на 17 години

Се играше Мундијалот за играчи до 17 години во 2009-та. Нејмар не успеа да му помогне на Бразил да ја мине групната фаза, ама најави какво дете доаѓа на светската фудбалска сцена. Ваква финта со голман еден на еден да ни пишете кога сте виделе последен пат.

Зошто Холандија се посрамоти - каде лежи проблемот во нивниот фудбал

Селекцијата која играше финале на Светско 2010 и освои бронза на Мундијалот 2014-та поминува низ кошмар. Лани останаа без ЕП 2016, а сега нема да одат ни на Светско.

Колумбија и Перу не кријат дека си направиле домаќински муабет за ремито

Се појавија многу интриги за тоа што всушност се случувало за време на последните минути од квалификацискиот меч меѓу овие две селекции кои велат дека не договарале, ама сепак разговарале дека им одговара нерешено.

Руската амбасада и шпионажата на Светско

Вработените во руската амбасада во Лондон истролаа еден тамошен лист којшто пишува дека Англичаните со себе на Светско ќе носат и разузнувачки тим кој би спречил евентуална шпионажа. Русиве им одговараат ’поарно да си земете фудбалски тим’ со алузија дека сегашниот не им го бива.

Коментаторски емоции кога земјата за прв пат ти оди на Светско

Панама вака така се извлече и со непостоечки гол обезбеди учество на Мундијалот во Русија. Истовремено во прилог му одеше и поразот на САД од Тринидад и Тибаго. Двајца коментатори се тресеа од страв да не се случи некоја пиздарија на крај, а потоа експлодираа од радост.