Денешниот датум 13 октомври 1993-та година нè потсети на една победа на Панчев и компанија кога Македонија ја испиша фудбалската историја во Крањ и ја совлада Словенија со 1:4. Но тоа е добро познато и сите го знаеме.
Она што ни остана да го одбележиме од мундијалските квалификации кои се комплетираа е следниот неверојатен податок кој се поврзува со истата година.
Замислете последниот пораз на селекцијата на Шпанија на едни квалификации за Светско датира од таа година, односно шест и пол месеци пред нашиот национален тим да дебитира во фудбал.
14 - Spain scored at least once in all their 14 games played under Julen Lopetegui (44 goals, 3.1 on average). Leader. pic.twitter.com/DANdJoUX5S
— OptaJose (@OptaJose) October 10, 2017
Црвената фурија е во несфатливо луда серија од 56 средби без пораз во овие квалификации и последен пат загубиле од Данска на 31 март 1993-та. Од тогаш немаат пораз на шест квалификациски циклуси 1998, 2002, 2006, 2010, 2014 и 2018.
Скорот им и 44 победи и 12 нерешени. Два пати ремизирале со БиХ и по еднаш со Србија, Чешка, Југославија, Австрија, Израел, Литванија, Словачка, Италија, Франција и Финска. Ова е изгледот на табела на тие шест квалификациски циклуси.
1998
2002
2006
2010
2014
2018
Се бара јунак кој ќе ги победи во квалификациите за СП 2022.