Фудбал

Го викавме кепец

Ако некој најдобро може да ги опише првите мигови на Меси во Барселона, тоа се неговите тогашни соиграчи кои признаваат дека бегале од него кога требало да се игра еден на еден. Еднаш се договориле да го клоцаат сред игра, ама не успеале да го стигнат.

Нејмар, ти си бил баш сентиментален

Оваа есен беше полна со разни новости за Нејмар кој летово 2017 за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ. Бразилецот стана најскапиот играч во историјата, но во Париз му се случуваат чудни работи.

Голманот на Шапекоенсе почна со тренинзи по авионската несреќа

Џексон Фолман сега ќе биде голман на параолимписката репрезентација на Бразил. Ногата му ја ампутираа набрзо по авионската катастрофа и во февруари годинава решил да стане параолимпиец.

Мајстории на Фелипе и Балдовалиев

И покрај дождливото време Академија Пандев и Вардар ги наполнија мрежите во Битола и Тетово на денешното 15-то коло во македонската Прва лига. Струмичани славеа против Пелистер со 3:4, а македонскиот првак ја декласираше Ренова 2:5. Имаме два гола за издвојување.

Пред 60 години за Италија бранел братучед на дедо му на Буфон

После Светското првенство 1958-ма - последно на кое не играла Италија, местото на голот на обновената репрезентација го добил Лоренцо Буфон. Втор братучед на дедо му на Џиџи Буфон. Уште е жив и се крсти во Џиџо Донарума.

Како Златан го најавува својот кам бек (на 36 години)

Без разлика на сериозноста на повредата и на годините со кои го носи епитетот ветеран, Златан не е Златан ако не даде ваква изјава, како вистински маж. Капа доле за упорноста и решителноста. Слушајте и учете.

СМС пораката на италијански репрезентативец за Вентура кажува сè

За квалитетите на селекторот кој има тренирано екипи како Пиза, Бари, Месина, Лече и Венеција, а врвот му се Торино и Сампдорија, доволно говори и содржината на оваа порака која играч на Италија му ја пратил на свој колега.

Како цел Перу се заангажирал репрезентацијата да оди на Светско

За штосот со кетерингот против Уругвај пишувавме, а во меѓувреме Перуанците се решија на што сè не за да се пласираат на Мундијалот 2018 во Русија.

Хрватска налета на Аргентина, пеколен дуел Бразил - Шпанија

Со триумфот на Перу над Нов Зеланд, комплетирани се 32-те земји учеснички на Мундијалот кој ќе се игра од 14 јуни до 15-ти јули во Русија. Домаќинот се падна во најлесната можна група. Англија против европскиот првак.

Фудбалер на Нов Зеланд се загреваше на писта

Од Нов Зеланд до Перу според Гугл мапс има 19 часа летање со авион, но за гостинската селекција патешествието траеше уште подолго. Перуаинските аеродромски власти од необјасниви причини слетувањето им го одложија за три часа и поради тоа Нов Зеланд за момент запре во малото градче Икике во северно Чиле. 36 годишниот Шеин Смелц тоа го искористи за сув краток тренинг.

Перу се тресе од радост за Мундијалот и алармираше земјотрес

По пауза од 36 години Перу се враќа на Светските првенства, а земјата до толку е во транс што од преголемо славје се активираше апликација за мерење на земјотреси.

Валдерама има да ви каже нешто за тестисите

Легендарниот колумбиски фудбалер кој нема кој не го памети по фризот на трите Мундијали на кои учествуваше (1990, 1994 и 1998), е вклучен во реклама за борба против ракот. Ама ептен оригинална реклама.

Мали, ништо од ова не видовме на „Градски“

Младинската репрезентација на Норвешка ја совлада Ирска У21 со 2-1 во квалификациите за Европско првенство. Мартин Одегард го отвори резултатот уште во 19’ минута. При резултат 1-1, надежта на Реал со страшна асистенција проигра свој соиграч но тој не реализираше. Норвежаните победија после голот на Ивер Фосум во 90’ минута од мечот.

Најлошиот можен изговор на Вентура

Прво пред камера кажа дека ќе си оди, па после демантираше дека го изјавил тоа, па потоа рече дека загубил само два натпревари, а уствари се три.

Австралија после 250.000 километри пат се пласираше на Светско

После 22 меча за 884 дена во далечни земји на крајот од светот, „Кенгурите“ заслужено обезбедија пласман на Мундијалот 2018 во Русија. Имаа убедливо најтежок пат до Светското.

Клупата која ја заслужува селекторот на Италија

Во целата експлозија на гнев на социјалните мрежи, најдобрата спрдња за Џан Пјеро Вентура, на кој вечно ќе му стои црната дамка за најголемиот неуспех во историјата на Италија, ја направи Икеа.

На мекици кај фудбалер на Лацио со Тозовац и Аца Лукас

На сета таа српска колонија на играчи во Серија А, не можеш да очекуваш сите да ги прифатат италијанските манири под кои се подразабира седенка во ресторан со пршутче, винце и паста. Абе син ми се роди од четврта мајка, има да пијам до 5 сабајле.

Најскромната ѕвезда што се вози со градски превоз ја однесе својата земја на Светско

Последната европска земја која се пласираше на Мундијал 2018 е Данска која што ја згроми Ирска со 1-5. Целата работа ја заврши Ериксен кој на реваншот во Даблин постигна хет-трик.

Данците славеа како на Формула 1

По Исланд и Шведска, селекцијата на Данска стана третата скандинавска земја која обезбеди пласман на СП 2018, што се нема случено во историјата. Гостин во отвореното студио на терен беше пензионирниот дански фудбалер Ларс Јакобсен. Го настинаа човекот.

Нејмар му врати на Габриел Жезус

Бразилска работа. Фора на тренинг им е кој на кого ќе му ја протне низ нозе. Прво ѕверката од Сити Габриел Жезус го изработи Нејмар, а после најскапиот фудбалер на планетата едвај чекаше да му врати.

Голот број еден од баражите го даде Данец

Феноменалниот Кристијан Ериксен од Тотенхем синоќа со хет-трик на големо ѝ помогна на својата Данска да ја прегази Р. Ирска со 1-5 во Даблин и да се пласира на Светското 2018. Неговиот прв гол на мечот беше ремек дело.

Јувентус ги прогласи најубавите голови во својата историја

Во јубилејната 120-та година од своето постоење, Старата Дама им даде можност на навивачите да ги изгласаат најдобрите 120 гола во историјата на клубот. Ви ги издвојуваме првите 10. На тронот е Дел Пјеро со оној неповторлив волеј против Фиорентина за 3:2 во 89-та минута.

Сите се криви

Не беше апокалипса, бидејќи немаше библиска величина, ниту катастрофа, ќерка на циничната судбина. Синиот бастион потона во хаос за кој треба сите да одговараат и никој да не биде исклучен.

Зошто служи полукругот на врвот од шеснаесетникот?

Вниманието со кое се испраќаат баражите за Светско 2018 потврдуваат дека фудбалот без конкуренција е најпопуларен спорт на светот.