Тој тогаш имал 28 години. А Џанлуиџи на таа возраст веќе стана светски првак и го одигра 100. натпревар за репрезентацијата. А Лоренцо Буфон иако цели десет години бил прв голман на Милан и три пати освојувал скудето никогаш не станал стандарден голман на Аѕурите како Џиџи.
Во решавачкиот меч од квалификациите за Мундијал 1958 против Северна Ирска кои Италијанците го изгубиле 1:2 (им требало нерешено) на голот бил Отавио Бугати од Наполи.
Тогаш репрезентациите играле многу поретко од денес. Кошмарниот пораз од Северна Ирска се случил во јануари 1958 година но до ден-денес се памети на Апенините. Во март истата година на Бугати му дале шанса на уште еден меч - против Австрија во рамките од Меѓународен Куп. Италијанците одново изгубиле 2:3 и веќе на следниот меч во ноември 1958 на голот застанал Лоренцо Буфон.
Тоа било на пријателски меч против Французите кој завршил 2-2. И покрај двата примени гола, Лоренцо набрзо станал прв голман на репрезентацијата на Светското првенство 1962 година во Чиле. 2 од 17 меча за Италија Лоренцо не ги доиграл поради повреда. На оваа фотографија го изнесуваат од теренот со скршен нос во 55’ минута од дуелот со Англија во мај 1961-ва година. Без првиот голман кој примил само еден гол на крајот Италијанците изгубиле 2:3.
Во Чиле, легендарниот Лоренцо Буфон бил капитен на репрезентацијата, бранел на два од три меча во групата и не примил ниту еден гол. Во првиот меч одиграле 0:0 со Федеративна Република Германија, во третиот ја победиле Швајцарија 3:0.
Но во вториот меч против домаќинот Чиле Лоренцо не играл. Велат дека после нерешениот исход со Германците селекторите Паоло Маца и Џовани Ферари решиле да прават ротација и на клупа оставиле неколку клучни играчи. Па така на голот застанал Карло Матрел за кого тој меч бил прв и единствен во репрезентацијата.
Дуелот завршил скандалозно, Италијанците изгубиле 0:2, на крајот биле трето место и не ја поминале групата.
Натпреварот против Швајцарија станал последен за Лоренцо Буфон за репрезентацијата на Италија. По Светското во Чиле неговата кариера одела во надолна линија и после три години го напуштил фудбалот. А на италијанскиот гол го сменил Лидо Виери (не му е роднина на Бобо Виери).
Лоренцо Буфон играл за Италија цели четири години и не освоил ништо. Но и покрај тоа го сметаат за еден од најдобрите италијански голмани во историјата а на почетокот на ’60-те години влегол во најдобриот состав на ФИФА.
Денес Лоренцо Буфон има 87 години, а долго време работел и како скаут на омилениот негов клуб Милан.