Најинтересна во шумата вести беше онаа на аналитичарот Маркос Лопез кој работеше како спортски директор на Рома а сега е инсајдер на шпанските медиуми во своја колумна во Marca напишал дека Нејмар не сакал да замине од Барса и неколку пати плачел и барал од претседателот Жозеп Бартомеу да раскине договор со шеиците од ПСЖ.
Нејмар важи за сентиментален дечко кој не се мисли да заплаче во јавност. Неодамна бразилската ѕвезда на сред прес-конференција заплаче кога селекторот Тите кажа добри зборови на негова сметка и кажа дека Неј имал големо срце:
А еве како беше порано:
26 мај 2013 година - последниот меч на Нејмар за Сантос пред преселбата во Барселона. Навивачите на Фламенго против кој играше Сантос ја пееја бразилската химна заедно со играчите а Нејмар јавно се расплаче:
Светско првенство 2014, Нејмар плаче во време на интонирање на бразилската химна:
После исклучително тешката победа над Чиле во 1/8 финале од Мундијалот:
Тоа Светско „О’Неј“ го заврши со страшна повреда на грбот на мечот со Колумбија:
После неколку дена Нејмар им раскажа на новинарите дека со него се е во ред и дека скршеницата нема да го направи инвалид како што се претпоставувало. Уште еден тежок момент во неговата кариера:
Но 2016-та година се тргна на добро за Нејмар: Бразил првпат во историјата ја освои Олимпијадата а Нејмар го постигна победничкиот пенал во серијата против Германија во финалето
Во Барселона исто имаше повод за плачење. Поразот во четвртфиналето на Лига на шампиони 2017 против Јувентус и солзи на градите на поранешниот соиграч Дани Алвеш: