Хрватска налета на Аргентина, пеколен дуел Бразил - Шпанија

Со триумфот на Перу над Нов Зеланд, комплетирани се 32-те земји учеснички на Мундијалот кој ќе се игра од 14 јуни до 15-ти јули во Русија. Домаќинот се падна во најлесната можна група. Англија против европскиот првак.

Бразил против Шпанија во групата Б, Аргентина - Хрватска во Ц и Португалија - Англија во Ф привлекуваат најголемо внимание на ждрепката за Светското првенство 2018-та, која денеска се одржа во седиштетото на Офф.нет.

Во недостиг на трпение да видиме како таа вистински ќе изгледа, ние го направивме извлекувањето предвреме, а групите изгледаат вака:

Можете да си играте и вие, лесно е пердув, треба само да кликнете на синото дугме тука.

Инаку вистинската ждрепка за СП ќе се одржи на 1 декември во Кремљ.

16 ноември 2017 - 12:22