Фудбал

Навивачка влечеше кокаин среде меч во Јужна Америка

Додека цела трибина го славеше голот на Роке Санта Круз за Олимпија Асунсион против Жуниор, една навивачка од Парагвај имаше друга занимација.

Дај ваму ракавиците, јас ќе бранам што ако сум бек

Фудбалерите на ПСЖ синоќаа во Куп натпревар останаа без голман во финишот од средбата, но тука беше Дани Алвеш кој спаси ситуација и не прими гол.

Роди ме мајко фудбалер на ПСЖ, ама не на Амиен

L'Equipe ги објави платите на фудбалерите во првенството каде вреди да се оди за пари и титули само во еден клуб, оној кој во ракометна конкуренција го лапна Раул Гонзалес. Ова другово е колку да се пополни лигата.

Јакиот трол на Руни за Џејми Карагер

После цели 16 години откако зборуваат за него на Monday Night Football, најпопуларното фудбалско студио во Британија, Вејн Руни гостуваше првпат и го пецна некогашниот стопер на Ливерпул, Џејми Карагер. „Да, секако дека се радувам што сум овде, а верувам се радува и Кара кој никогаш не стоел така близу до мене“ (играа еден против друг на времето).

Најубавите голови во светот минатата недела

Собрани во една колекција, маестрални погодоци кои паднаа на различни страни од Земјата. Уживајте.

Конте е како оној што се дере Драганеееее

Актуелниот првак на Англија држи форма како актуелниот првак на Шпанија. И едниве и другиве се на -19 од лидерот на табела со нула шанси за одбрана на титулата. Челси има 6 порази, а последние два му се од Бурнемут и Ватфорд. По тој повод имаме компилација со еден од најнервозните тренери на денешницата на кој му виси работното место. 

Како Шекуларац можел да ја спречи трагедијата на Манчестер

Денес се навршуваат 60 години од трагичниот настан кога набрзо по полетувањето, се срушил авион со фудбалерите на Манчестер Јунајтед кога загинале 8 фудбалери.

Фотографии од легендата на Вардар кој страда за леб

Македонската јавност е шокирана од тв прилогот кој стигна од Делчево. Поранешен фудбалер на Вардар кој беше дел од шампионската генерација на Југославија 1987-ма едвај преживува.

Лалана идиоте, што ти стана?

Повремениот англиски репрезентативец Адам Лалана се врати од повредата и формата ја крева во резервниот тим на Ливерпул (У-23) за кој играат претежно млади играчи. На мечот на младинците против Тотенхем во 63’ минута, Лалана после еден дуел со Џорди Марш го фати малиот фудбалер за врат со ММА потег. Ги раздвои Дени Ингс кој исто игра за резервите на „Црвените“. Лалана одма доби црвен картон.

Пандев одговори на свирежите на Олимпико на професионален начин

И покрај тоа што ја спука со Лотито, трпеше мобинг и на крајот мораше да дојде до разделба со клубот по судски пат, сепак капитенот на македонската репрезентација не заборава кој го порасна како играч.

100-та на Кејн се одбележа во соблекувална

По Алан Ширер, гол машината на Тотенхем Хари Кејн стана најбрзиот играч кој стигнал до 100 голови во Премиер лигата. За овој голем јубилеј Кејн за подарок од Најк доби специјални копачки со бројот 100 и одржа кус говор после мечот со Ливерпул.

Лацио му стана редовен пациент на Пандев

На последниот натпревар од 23. коло во Серија А се случи големо изненадување. Фудбалерите на Џенова го шокираа Лацио среде Рим со конечни 1:2. Првиот гол на средбата го постигна Горан Пандев во 55-та минута. Македонскиот репрезентативец постигнува три гола против својот поранешен клуб откако го носи дресот на Џенова.

Фергусон: Во Јунајтед тренирав четворица од светска класа, а од нив Кристијано беше дијамантот

Додека татко му пиел, а брат му се дрогирал, неговата цел била да стане најјак фудбалер во свет. И ете го до каде стигна. 646 голови во кариерата, 5 Златни топки и 26 трофеи од кои 4 ЛШ и едно ЕП.

Второто место на Јувентус е за Скудето

Во историјата на Серија А ниту еден тим не се наоѓал на втора позиција на табела после 23 кола со број на бодови каков што во моментов има Јувентус. Проблемот се вика Наполи.

Најубавиот гол на Милан оваа сезона

Удинезе му ја прекина серијата на Џенаро Гатузо од три победи по ред со еден несреќен потег на Донарума кој на 15 минути до крај си даде автогол. Најатрактивниот погодок оваа сезона за Росонерите го постигна Сусо, кој ја опали од 30 метри за сите пари.

Два гола директно од корнер на Болоња - Фиорентина

На дуелот во Серија А меѓу Болоња и Фиорентина, гостите поведоа преку Вертут во 41’ минута директно од корнер. Болоња возврати само една минута подоцна преку Пулгар исто од корнер.

Покажи ја верноста на кожа за доживотен сезонски билет

Германскиот прволигаш Херта Берлин смисли доста невообичаен начин за да ја тестира верноста на своите навивачи. Кој има страв од игла, ќе си плаќа и понатаму за карта.

Промашување на сезоната од Рахим Стерлинг

Тимот на Барнли е меѓу ретките во последно време кој успеа да го сопре Манчестер Сити и да му земе бод (1-1). Но сè ќе беше подруго ако Стерлинг не промаши празен гол во 71’ минута при 0-1.

Гол во стилот на Меси падна во Аргентина

Во продолжението од аргентинската Суперлига, Ривер со 2-0 го совлада Олимпо. Двата гола ги даде шпицот Начо Скоко а вториот беше мајсторија во стилот на Марадона и Меси.

Таткото што ја крстил ќерка му по името на Меси

Лионел Меси има милион обожаватели ширум светот, но само еден се решил да го крсти детето во негова чест.

Баталете ги другите лиги, само во Серија А е неизвесно

На три и кусур месеци до крајот на сезоната во националните првенства, веќе ги имаме имињата на четирите шампиони од можни пет првенства кои ги следиме деноноќно. Да бидеме реални, никој не ги стига Баерн, Сити, Барса и ПСЖ. Мелат.

Како Лаки Лучано Моџи итро го донел Буфон во Јувентус

Човекот кој од сенка палеше и гасеше во италијанскиот фудбал, вешто чекал големите екипи да се наддаваат за Џанлуиџи Буфон и од сенка сочекал прилика да го донесе во „Старата Дама“.

Една поинаква кореографија на легендите на Милан

Телевизиско италијанско шоу од 2000-та година во кое треба да препознаете четворица важни играчи од историјата на Милан: Алесандро Костакурта, Џенаро Гатузо, Масимо Амброзини и Андриј Шевченко. Кога дечките беа ептен во елемент.