Фудбал

Се одлучија последниот поздрав да биде навивачки

Колективната тага во Италија, особено во Фиренца за ненадејната смрт на Давиде Астори кулминираше на вчерашниот погреб. Ковчегот го извадија на плоштад, а навивачите на Фиорентина го поздравија капитенот на Фиорентина како што тоа го правеа на Артемио Франки.

Луд кошаркарски потег на Елиф Елмаз

Не знаеме дали му успеало од прва, ама битно ја даде и тоа од две позиции. Македонскиот фудбалски бисер се надеваме дека не ја згрешил професијата. Пазете сега.

Ристовски одличен, неговиот Спортинг пред четвртфинале

Македонскиот репрезентативец одигра 90 минути во триумфот на „Лавовите“ од Лисабон против Викторија Плзењ од 2:0. Марсеј ја отвори вратата од четвртфиналето на Лига Европа.

Арсенал го потопи Милан, Дортмунд изгуби од Салцбург

По серија од четири порази во низа, Арсенал ја прекина кризата со голем триумф над Милан на „Сан Сиро“. Атлетико Мадрид со една нога пласиран во четвртфинале откако ја прегази Локомотива Москва.

Во Фиренца пред илјадници луѓе погребан Давиде Астори

Базиликата на Светиот Крст во Фиренца утрово била премала да ги прими сите кои дошле за последен пат да се поздрават со капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец Давиде Астори.

Шест елиминации во ЛШ во вредност од милијарда евра

Го купија Нејмар за енормни 222 милиони евра и го позајмија Мбапе со опција да го откупат за 180 милиони. Ова само прошлото лето. Се потурија од давање пари. За што?

Династија Ањели - дрвото на животот на фамилијата која го води Јувентус

На крајот се поставува прашањето: Кому му припаѓа „Старата дама“? Кој владее со империјата од Торино?

Изјавата на Кјелини за Астори

Столбот на одбраната на Јувентус. како и секогаш беше еден од најдобрите поединци на мечот против Тотенхем кој го елиминираа во ЛШ со херојски пресврт. Но мислите по мечот му бегаа на следниот тежок ден. 

Норвешка лига треба да почне, а стадионите како во Лапонија

Во недела би требало да стартува норвешката фудбалска лига ама како им се запнал снегот, ништо чудно да одложат. Еве како изгледа стадионот на екипата Старт од градот Кристијанштад.

Едно големо браво за Клаудио Браво

Ве згазивме 4:0 на првата и сега ќе ви правам што сакам. Дојди пиле да ми ја земеш ако можеш, без раце ќе ти играм.

Тоа е таа страст за фудбал

Џиџи Буфон и Џорџо Кјелини се вистинското лице на Старата Дама без кои Јуве не би бил Јуве. Играат со срце и муда и затоа прават пресврти во Лига на шампиони. Познатата парола на Јувентус „Fino alla fine“ (во превод: до крај) пресликана во потегот на Џиџи.

Андреа сивоња Барѕаљи

Во 33' минута од реваншот Тотенхем - Јувентус, италијанскиот репрезентативец направи голема глупост врз Кореецот Сон и право чудо ќе биде ако не го казнат за безобразието. После неколку минути Сон му избега и го постигна водечкиот гол.

Ако мислите дека сте виделе лош фудбалски терен

Дваесет и второ коло од босанската Премиер лига, дерби меѓу Борац Бања Лука и Зрињски од Мостар. Конечен резултат 1:1. Услови за игра - како да ви кажеме.

Луд пресврт на Вембли, Јувентус е во четвртфинале

Тотенхем речиси два часа од двомечот против Јувентус имаше игра, резултат, шанси, предност. Ама тоа ништо не им значи затоа што „Старата дама“ од два шута во две минути даде два гола и го реши патникот во следната фаза.

На денешен ден падна најбрзиот гол во Лига на шампиони

Ретко кој го памети времето кога Реал Мадрид цели осум години не можеше да пројде во четвртфинале на Лига на шампиони. И само што се понадеваа ги снајде Рој Макај.

Војната меѓу Салвадор и Хондурас која почнала поради фудбалски меч

Фудбалска војна. Знаеме дека овој термин се појавува на денот на дербито меѓу Ривер и Бока, Фенербахче и Галатасарај или кога навивачите на Селтик одат во другиот крај на Глазгов. Но...

Чудесна голманска одбрана

Агустин Маркезин од Мексико беше толку оддалечен од голот, што е нормално да помислите дека ова е 100% гол. На крај излезе дека тој е побрз од топката. 

Нема спиење за вас во овој град

Неколку навивачи на Војводина околу 3.45 после полноќ дошле пред хотелот каде спиеле фудбалерите на Црвена звезда и направиле голем огномет под наслов „нема спиење за вас во овој град“. Дербито Војводина - Црвена звезда се игра вечерва од 18.

Цел Енфилд да ти аплаудира треба да си Икер Касиљас

Не е исклучено дека легендарниот шпански голман синоќа за последен пат играше во Лига на шампионите - натпреварување за кое вели дека после долги години во најголемиот клуб на светот, сега го видел од еден друг агол како член на Порто.

Еврогол во Пехчево ко за Лига на шампиони

ФК Кит Го Пехчево против Брегалница Голак, трета македонска лига - исток. Александар Ѓеоргиевски од гостинскиот тим најверојатно после овој гол има добиено нов прекар: Роберто Карлос.

Голман симулираше фаул од судијата

Јохан Падила од Еквадор го направи најсрамниот и најбедниот потег, незапамтен во фудбалот. Ги следиме ние често пати кандидатите за оскар, ама е мизерија број 1. Прво задржуваше време за што доби жолт, а потоа се струполи на земја, мислиш судијата му го исчашил рамото.

Затишје во Париз, Реал е четвртфиналист

Екипата на ПСЖ која вечерва беше ослабена без најскапиот фудбалер во светот се покажа како немоќна и недорасната за да го елиминира актуелниот европски првак. Кралевите славеа и на реваншот. На другиот дуел на Енфилд мрежите мируваа.

Резиденцијата во која ќе се рехабилитира Нејмар

По операцијата на десната нога, Нејмар го започна закрепнувањето и неговиот кам бек се очекува за околу три месеци. Со тоа стартува и неговиот кралски живот без да има потреба да се поти, освен ако претера со лежење на сонце.