Еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, Џенгиз Ундер кариерата ја почнал во најдобрата фудбалска академија во Турција каде ги учат децата да садат зеленчиук и овошје, да жнеат, да берат, и да одгледуваат домашни животни.
Со 60 одиграни натпревари и вкупно 5.008 минути на терен, Лионел Меси е четвртиот играч кој најмногу одиграл фудбал изминатава сезона, а колку има само очекувања од него во Русија. И да, Англија не е селекција со најмногу одиграни минути.
Муез Хасен, чуварот на мрежата на Тунис, репрезентација која ќе игра на Светско, изглумил повреда за другарите да каснат нешто и да се напијат во време кога тоа Рамазанскиот пост го дозволува.
На реваншот од четвртфиналето од Лига на шампиони меѓу Баерн и Манчестер, Патрис Евра во 57’ минута даде страобален гол кој во еден момент изгледаше дека го прослави и Мануел Ноер.
Еден од најпрепознатливите фудбалски дресови на светот сигурно е оној на „Селесао“, бразилската фудбалска репрезентација. Овој дрес веќе 40-ина години трпи мали промени со цел да се сочува традицијата.
Стартот на нивното “макотрпно работно“ лето сака да ви го најави жена му на Чиро Имобиле (лево на видеото) со уште две другарки кои веројатно се или ќе станат партнерки на некој колега на Чиро. Одиме со хајлајтс од 24 секунди за кој ќе ви биде криво што не трае едно 10 пати повеќе.
Речиси и да нема Мундијал без некоја селекција да не нагази на мината позната како „изненадување“ и да си ги спакува куферите уште во групна фаза. Епа ова на Франција беше бетер и од изненадување. Се изгорија како никој.
Точно 20 години по легендарниот Мундијал во Франција, во Бразил се сними слична реклама како за тоа Светско. Само тогаш со легендарните Роналдо, Ромарио, Денилсон, Леонардо, Кафу, Лусио, а сега со некои нови клинци.
Во финалето на Купот на ОФС Тетово, Тетекс убедливо го совлада Љуботен со 5-1, ама голот на Дејан Геровски за најстариот клуб во Македонија кој догодина слави 100 години постоење, беше во стилот на најголемите мајстори.
Роналдо ли е, Меси ли е, Нејмар ли е? Не Сунил Четри е од Индија. Нивниот капитен кој против Кенија го одигра јубилејниот 100-ти настап, постигна два гола од кои едниот што да ви расправаме. 97-ми се на рангот на ФИФА и немаат учество на Светско.
Селекцијата на Чиле ја совлада Србија со 1:0 на последните контролки пред Мундијалот. Требаше уствари да биде 2:0, ама падна срам кој не проаѓа ни на пријателска средба.
Сите знаеме како им оди последниве години на Јуве во Серија А, Баерн во Бундеслига, Барса во Ла Лига, ПСЖ во Лига 1 и Реал во ЛШ, ама доминаци како порано немало и нема ни да има. Кој знаел порано како да паркира автобус.
Откако се пласираа на Мундијал после 12 години пауза (играа 94’, 98’, 2002’ и 2006’), Саудијците живеат за моментот кога ќе почне Светското 2018 во Русија. За разлика од другите репрезентации, направиле многу штослеста презентација на списокот играчи кои ќе патуваат.
Сме остареле или што е работава? Замислете летна точно 21 година од голот на Кларенс Сидорф кој го даде од позиција од каде обично секој друг нафрла. Имало евроголови и евроголови, ама ваква шајка од крајот на светот повеќе не видовме.
И 10 дена по финалето од Лига на шампиони, некој уште има што да каже на тема фаулот на Рамос врз Салах. Можеби Златан нема да си го добие по рамо, ама затоа...
На точно 10 дена до стартот на мундијалското лудило, традиционално го објавуваме распоредот на натпреварите за кои ќе бидете укотвени пред телевизор од 14-ти јуни до 15-ти јули.
Висок, слаб, тенок, со неверојатна левица каков што беше во текот на целата кариера, таков бил и при своите почетоци во Бразил кога уште го знаеле само локалците.
На 11 дена до стартот на Мундијалот селекцијата на Бразил реши да се појача во делот на средниот ред и нападот, па на Паулињо, Фернандињо и Кутињо друштво ќе им прават Бразилците:
Поучени од катастрофалните изведби на пенали на најважните нокаут натпревари на Светски и Европски првенства, Англичаните сега вежбаат да шутираат пенали пред Мундијалот во Русија. Никој како нив не промашувал пенали низ историјата.
На пријателската Белгија - Португалија пред почетокот на Светското, белгискиот стопер Јан Вертонген го запиша својот 100. настап за „Црвените ѓаволи“ а наградата му ја врачи мајка му.
Од заебаните гета на Марсеј каде харале криминални банди малиот Зинедин го извлекол еден човек кој работел како скаут за фудбалскиот клуб Кан од каде Зизу ќе ја почне неверојатната кариера.
Им донесе 9 трофеи од кои 11-та, 12-та и 13-та во Лига на шампиони, дојде тивко, без врева, медиумски паради, листа на желби и слично и си замина тивко. Зинедин Зидан ќе го паметат како домаќин човек во одделот за финансии на клубот.