Фудбал

Нов фудбалски штос на Болт

По Борусија Дортмунд, најдобриот светски спринтер замина на проба во норвешкиот клуб Штромготсет, каде повторно покажа дека нема само желба за фудбал. Болт им продаде добра финта на шева, а потоа даде и гол.

New York Times: Милан пред сигурно исклучување од евро-куповите

Според извори на реномираниот американски медиум, УЕФА наскоро ќе му изрече драконска казна на Милан поради кршење на финансискиот Фер Плеј.

Одело со шорц и крената чорапа проаѓа?

Леброн ми го украде аутфитот од времето кога бев носач на прстенот на свадба кога имав 4 години, се вели во еден од многуте коментари за тоа како синоќа беше облечен за првото НБА финале.

Тешката глупоштина на Кливленд ги чинеше пораз во првото финале

Иако Кралот Џејмс експлодираше со 51 поен, кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1:0 на стартот на финалната серија, четврта во низа против Кливленд. Кој знае како спиел ноќеска Џеј Ар Смит после овој потег под кошот во финишот од средбата.

Двајца синови од иста фамилија победија во Лига на шампиони и Лига Европа

Браќата Тео и Лукас Ернандез ќе се сретнат еден против друг на 15. август во борба за Супекупот на Европа кога ќе играат Реал Мадрид - Атлетико Мадрид.

Последниот рекорд на Зинедин Зидан

Деветте трофеи во две и пол години, од кои три рекордни по ред во ЛШ не е единственото нешто по кое ќе остане запаметен како посебен во историјата на  Реал Мадрид. Од неговиот престол никој не си заминал на таков џентлменски и храбар начин во ерата на човекот кој секогаш сам ги правеше чистките.

Како Чезаре му го покажал фудбалскиот пат на Паоло Малдини

31 мај 2009 е истористи датум за Милан, италијанскиот и севкупно светскиот фудбал бидејќи од сцена си замина еден од најјаките дефанзивци во историјата. Се играше Фиорентина - Милан, Паоло излезе од игра, Чезаре успеа да ги задржи солзите, а тој најдобро знае како почна и успеа син му.

Милојко и Неделко

На еден од последните натпревари пред Светското првенство 1998 во Франција, Југославија ја пречекала Нигерија на пријателска средба. А мечот го коментирал Милојко Пантиќ кој не пропуштил шанса да се позафркава.

Голманите кои се појавија на проба во Ливерпул

Кој знае како ќе завршеше финалето во ЛШ меѓу Реал и Ливерпул, ако Кариус не беше кашкавал во тоа рацете. Вака човекот сега е оставен на милост и немилост во тролачкиот свет на интернетот скоро една недела.

Заврши трофејниот пат по кој Зидан изоде со Реал Мадрид

Од нигде никаде во сончевиот Мадрид претпладнево загрме а громот одекна во цел свет.

Рамос може против сите, само против еден не може

Фудбалскиот свет сè уште зборува за зафатот на Рамос кога настрада Салах, а некој се сетил и дека од јакиот има и појак.

И тогаш некоја будала ќе го спомне ко на шала

Во третата фудбалска лига на Аргентина после месеци и месеци големи борби за титулата, на крајот првакот го извлекле на лотарија само зошто екипите имале исто бодови и дадени голови.

Што рефлекс ќе имаше овој Ноер

Германците се тресат периодов дали и во каква форма ќе влезе една од нивните главни карики во тимот, Мануел Ноер, кој беше повреден. Со ваков професионален пристап на тренинг не треба да берат многу гајле.

Ризикот кога одиш со голман во напад

Нејасно е тука дали играчов имаше намера само да расчисти или пробуваше директно во гол, ама како и да е се знае кој е крив. Ирскиот Кариус. Голот го дава фудбалер на Корк Сити.

Тони мајсторе што стори со трофеите?

Роналдо и Меси секоја година си ги мерат или им ги мерат пехарите кои ги освоиле, а се заборава на некои други славни момци на кои витрината им е полна. На пример Тони Крос, човекот кој не може да се доброи.

Синовите на Меси славеа со песна за победата на Аргентина

Во пресрет на Светското првенство Аргентина одигра пријателска против Хаити. Мечот кој се играше на стадионот „Алберто Армандо“ во Буенос Аирес заврши 4:0 за „Гаучосите“ а главна ѕвезда беше кој друг ако не Меси со хет-трик.

Кога ќе умирам не ме носите во болница, однесете ме на Енфилд

На навивачите на Јуве ќе им недостасува Буфон, во Барселона ќе фали Иниеста, во Рома Тоти, а на Ливерпул се знае кој. Човекот кој е симбол на клубот и кој се живо откачи за да им се предаде на Црвените кои ги сакаше и ги сака со срце.

Бразилците не може да се донаиграат фудбал

Сте се запрашале ли по по колку средби годишно има еден фудбалски клуб? Или поточно прават ли нешто друго Бразилците во животот освен што играат фудбал. Што мусклули ќе имаа на толку орање.

Каква е повредата на Салах и ќе игра ли на Светско?

По загубеното финале на Лига на шампиони од Реал, Јирген Клоп не го критикуваше Кариус, но призна дека повредата на Мохамед Салах ја скршила неговата екипа.Притоа не баш сите сфатиле што така лошо се случи со Египѓанецот по дуелот со Серхио Рамос после кој Салах го напушти теренот.

Правилата на германскиот селектор за играчите на Светско

Еднаш јавноста дознала детали од внатрешната кујна за тактиката, Јоаким Лев бил бесен но „кртицата“ не можеле да ја најдат. Им дозволува да се напијат пиво или вино пред спиење и после натпреварите.

Двајца од Хаити vs Меси

Аргентина имаше лесен тренинг против Хаити како дел од подготвителните натпревари за СП. Победија 4:0, а учинокот на Меси беше: Хет-трик, асистенција и двајца жртви кои се обидоа да му ја земат.

Акцијата која му претходеше на евроголот на Бејл

Велемајсторските ножички на Герет Бејл во финалето од ЛШ не се баш случајност како што изгледаа на прва. Реал кружеше со топката, го бараше голот, а на водството од 2:1 и претходеше трпелива игра од 15 прецизни и брзи додавања. Еве како изгледаше тоа од еден агол кој немаме можност да го гледаме во пренос.

И Европската џудо унија се огласи за фаулот на Рамос над Салах

Петицијата за да се казни стоперот на Реал не е единствениот начин на кој се крена галама за тој контроверзен фаул во финалето на ЛШ. Зафатот на Рамос не бил дозволен ниту во џудо.

Татко му на Стерлинг бил убиен па затоа Рахим истетовирал автомат

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Англија има неколку тетоважи, а последната му е автомат М16 на десната нога поради што на Островот се кренала голема врева.