Табелата на коjа нелатевме ни ја покажува листата на 50 клубови кои одиграле најмногу натпревари во изминативе 10 години. Уште една потврда дека во Бразил фудбалот е на прво место.
Во топ 10 сите екипи се од Бразил, а во топ 30 дури 25 се бразилски екипи со најголем број на мечеви од 2008-ма до сега, четири се од Колумбија и само една е од Европа, а тоа е Барселона.
Интернационал е клубот со рекордни 713 натпревари или во просек 71 меч годишно.
Покрај Барселона од Шпанија има уште две екипи, од Англија има шест и по една од Франција и Шкотска. На листава нема никој од Серија А и Бундеслигата.
Разликата на пример меѓу Интернационал и Ливерпул е многу голема. Бразилците во 10 години одиграле 181 меч повеќе од Премиерлигашите.