Фудбал

За фудбалот сега и во едно друго време

Имало и тогаш циркузи од типот „пушти му 3 бода за опстанок“, ама немало кладилници за кои се игра фудбалот, разно разни скаламуции и вртење милијарди. Жива вистина е ова:

Детето кое спиело под отворено небо сега е клучен играч на Реал Мадрид

Растел без татко, лутал по фавелите на Сао Пауло и сфатил дека само со напорни и исцрпувачки тренинзи ќе стигне до врвот. Сега е незаменлив штраф од машината на Реал Мадрид со кого освои сè што може да се освои.

Тимот кој ја освојува ЛШ не се менува

Реал Мадрид стигна до рекордна низа од три трофеи во Лига на шампиони. Педантните љубители на фудбалот и интернетот забележаа нешто интересно околу составот кој ги одигра последните две финалиња.

Расистички банер од италијански навивачи на трибините

По најавата на новиот селектор на Италија Роберто Манчини дека Марио Балотели ќе биде заменик-капитен на Лео Бонучи, дел од италијанската јавност го покажа своето вистинско лице на дело.

Марсело пак ли бе

На тренинзите и натпреварите на Реал Мадрид треба да постават една камера која ќе го следи само Марсело. Не заради тоа што е убав, туку заради тоа што не ни се испушта ниту еден од неговитe чудесни потези. 

Што значи кога ќе го вратиш Балотели во репрезентација

Има незгоден карактер, ама квалитетен е, искусен и созреан, не е веќе дете. Роберто Манчини го презеде кормилото на селекцијата на Италија, направи многу измени во составот и го врати Супер Марио за пријателска против Саудиска Арабија, а тој по четири години отсуство во националниот тим одговори со:

Крајот на една ера, почетокот на една легенда

Нема навивач на Рома кој ќе го заборави 28 мај како датум, а и нема да има друг играч од Рома кој ќе биде испратен на таков начин. Тоа беше ден во кој не можеа и не сакаа да се разделат Тоти и неговите фанови, ама мораа.

Нова циркузијада во романскиот фудбал

Пак таа Романија и пак четврта лига, ама овој пат нешто ново и до сега невидено во било која друга фудбалска лига во светов. Стативите не им биле доволни високи, па решија да ги поткренат малце. Ај лопатите, ама тој на првата слика со секира копа. Со секира бе.

Статус на денот за Серхио Рамос

На неофицијална фан страна на Јирген Клоп налетуваме на статус потпишан од фанови на Салах, на кој се лепат преку 170.000 лајкови, 113.000 шерови и 18.000 коментари.

Дискретниот херој на Реал кој од 12 години игра со дијабетес

Во ситуација кога ги гледате најголемите ѕвезди на светскиот фудбал кои прават чуда со топката, тивкиот и скромен Начо од сенка ви делува како недоволно вешт за да биде дел од големото семејство на Реал. Но не е така.

Бејл и Роналдо дале гол со ножички во иста минута

Прво Кристијано во Торино го матираше Буфон со страшни ножички, а во саботата Герет Бејл даде подеднакво луд гол. Се погоди двајцата да правеле „чилена“ во 63’ минута од мечевите.

Владетелот во Лига на шампиони

Гледаме фудбал во ера во која се поместуваат границите, што е добро бидејќи имаме што да им раскажуваме на внуците. Во саботата вечер една таква граница помести Кристијано Роналдо, првиот фудбалер кој стигна до 5 титули во најеминентното клупско европско натпреварување во овој формат.

Што правел Клоп во 6 наутро после поразот?

Додека играчите и стручниот штаб имале непроспана ноќ после тешкиот пораз од Реал во финалето на ЛШ, германскиот тренер се забавувал со навивачите.

Спектакуларен гол на Бејл и глупости на Кариус за 13-та титула на Реал

’Кралскиот клуб’ стана првиот клуб кој три пати по ред ја освои Лигата на шампиони откако вечерва во Киев убедливо го победи Ливерпул со 3:1.

Роналдо погоди фоторепортер па му ја даде опремата

За време на последниот тренинг на Реал Мадрид во Киев пред големото финале на Лига на шампиони, четирикратниот освојувач на овој елитен турнир погоди со топка еден фоторепортер па му се извини.

Пирло се направи статива во диско

Откако собра цела плејада на славни фаци од Серија А, Пирло после прошталниот натпревар со истата банда продолжи во една позната дискотека во Милано каде ја славеа и титулата од Мундијалот во Германија. Ајде да ги видиме во овој спорт колку се мајстори.

Компилација со сите утки на Мората сезонава

Селекторот на Шпанија, Хулен Лопетеги го изостави од списокот за Светско Алваро Мората. Формата му беше доста променлива, постигна 11 гола на 31 настап во неговата деби сезона во Челси. Можеби Лопетеги ја гледал компилацијава со преку 20 утки па си рекол батали.

Салах пости за Рамазан и нема да јаде 18 часа пред финалето со Реал Мадрид

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Египќанецот Мохамед Салах го чека тежок ден и уште потешка вечер.

Големи ѕвезди кои нема да играат на Светско

До почетокот на најголемиот настан во спортот, Мундијалот 2018 во Русија, има уште 20-ина дена. Јавноста се занимава со списоците на репрезентациите а голем број ѕверки ќе останат пред телевизор да го гледаат Светското првенство.

16 години го користеше тоа шкафче

Колку беше голема поврзаноста меѓу Барселона и Андрес Иниеста покажува и тоа што го снимиле како само тажно се разделува и со шкафот во соблекувална. Последниот предмет кој го извади од таму е полначот за мобилен. 

Како Македонец ги лепи панини сликичките од Грците

Инаку ова не е албумот од СП Русија 2018, бидејќи за таму не се квалификуваа, туку е од Мундијалот во Бразил. Ама темава е пожешка од било кога, па две страни вреди да се жртвуваат.

Буфон, Ето, четворица Јапонци и еден Кореец, толку се

Што со нив? Епа тоа се единствените фудбалери од СП Франција 1998 кои се уште се активни како играчи. Единствени од колку? 32 земји учеснички пута 23 репрезентативци = 736. Што ти е издржливост и упорност.

Мангупските дресови кои ги правеше Kappa - брендот од стара школа

Уште во ’90-те години Kappa беше еден од највлијателните фудбалски брендови на свет. Во најдобрите години оваа фирма ги спонзорираше Јувентус со Платини и Зидан, легендарната Барса на Кројф, Милан на Ван Бастен, Рома со младиот Тоти и други топ европски клубови.

Еден од судиите на Светско 2018, 25 години работи како ѓубреџија

На Мундијалот 2018 во Русија ќе допатува и екипа судии од Панама кои имаат неверојатна историја. Со оглед на тоа што арбитражата не им е фиксна работа за плата туку хонорарна, секој од нив си брка и друга работа.