Фудбал

Теориите поради кои Мауро Икарди нема да оди на Светско

Во репрезентацијава на Аргентина летово нема да го видиме еден од најефикасните напаѓачи на светот а причините за тоа се од крајност во крајност. Некој смета дека Меси одлучува за сè кај „Гаучосите“ и дека поради тоа Мауро не добил повик.

Џентлменскиот гест на Симеоне и Годин за Гризман

Последниот меч за Атлетико оваа сезона донесе измешани емоции кај навивачите на „Ванда Метрополитано“, ама кога постои људина како Чоло Симеоне одма е подруго за играчите кои се соочуваат со свирежи поради трансфер.

Кога Зидан ќе ги проигра Модриќ и Ковачиќ

На три дена до мечот на сезоната, Кралевите работат на “случајот“ Ливерпул. Нишанот на Хрватите е наместен, а за магија на тренинг се погрижи и нивниот тренер кој со вакви асистенции слободно може да влезе во игра. Комбинацијата Зидан - Модриќ е лудило.

Марсело “му врати“ на син му

Пазете сега како цар е и Марсело. Една недела откако го зема син му во соблекувална за да игра “без да тапне“ со Кралевите, истото го направи и тој самиот и замина во соблекувалната каде тренира син му. Цар, цар, цар

Неста е Неста и на 42 години

21 мај 2018 ќе биде запаметен како датум на кој Андреа Пирло се прости од фудбалот на величествен начин. Му дојдоа најголемите ѕверки на италијанскиот фудбал а меѓу нив во одлична форма е и тренерот на Перуџа кој ќе игра во бараж за пласман во Серија А.

Иниеста колку Рома и Манчестер Сити заедно

Дајте ми ги Челси, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Рома па да видиме кој е појак. Им рече најтрофејниот шпански фудбалер на четири големи клубови од Европа.

Како почнала фобијата од летање со авион на Денис Бергкамп

Кога легендарниот играч на Арсенал конечно прифатил дека ја изгубил битката со големиот страв од летање, сфатил дека се ослободил и тогаш го играше најдобриот фудбал во кариерата. Никој не му замерувал зошто патувал и по 2.000 километри со кола за да игра на гостување.

66 легенди се собраа на едно место за Андреа Пирло

Легендата на Милан, Јувентус и општо на италијанскиот фудбал од синоќа и дефинитивно е во фудбалска пензија. Како никогаш до сега гледаме толку многу легенди на едно место за еден човек, кој очигледно многу вредел.

Пасот на Тоти до Инѕаги, боли глава

Имаше многу што да види синоќа публиката во Милано на прошталниот натпревар на Андреа Пирло. Како беше тоа: Формата е променлива, класата е вечна така? Франческо Тоти има 41 година и само една година како не е активен фудбалер. Ама па и Пипо е оној истиот.

Бобо Виери е цар над царевите

На прошталниот натпревар на Андреа Пирло, шоуто го украде легендарниот италијански напаѓач кој ја изнасмеа и публиката и коментаторите. Ама шоуто на Виери немаше да успее без докторот за асистенции? Кој? Епа Пирло.

Е таков е Златан

Што рековме скоро дека ако му стапне некој на жуљ може да му ја учука една без око да му трепне, па и по цена на црвен картон, прв за него во МЛС лигата.

Каков цар е овој Иниеста

Освен што е господар со топката и верен на Барса 22 години, тој е пред сè скромен дечко кој никогаш не игра валкано и не се плетка во инциденти. Погледнете што направи по крајот од неговиот последен меч на Камп Ноу. Значи место тие него, тој лично зема да им се оддолжува на навивачите кои прославија со него 32 трофеи.

Муабет на денот за Буфон “местачот“

А еве како некои кај нас се збогуваа со Буфон. Инаку Јувентус никогаш не играл во трета лига.

На Абрамович не му ја продолжиле британската виза, велат тоа е само почеток

И покрај тоа што британските власти решиле да започнат отворена војна против олигархијата, газда Роман ветил дека нема да го остави Челси и дека буџетот за нови играчи летово ќе биде од 50-70 милиони фунти плус парите од продажба на фудбалери.

Фернандо Торес маестрално испратен на последниот меч за Атлетико

Околу 67.000 верни навивачи на Атлетико Мадрид се поздравија со својот најомилен играч - Ел Нињо Торес кој цели 19 години беше во клубот.

Стефан де Врај излезе голем професионалец

Најспецифичната тренерска одлука во последното коло од Серија А беше онаа на Симоне Инѕаги, кој беше во искушение дали да го стави во игра својот најдобар дефанзивец? Без него слаби во одбрана, со него пенал (веројатно ненамерен) за тимот со кој догодина ќе игра во ЛШ. Холанѓанецот во солзи.

Јуве може да биде раат со ваков голман

Џиџи Буфон се збогуваше викендов со Јувентус, а на прес конференцијата кажа дека неговиот заменик вреди исто колку него. Шчесни спремен ли си прв голман на Јуве? Фаќај.

Иниеста и неговиот крај на Камп Ноу во 00:55

Што значи да се врзеш за еден клуб, еден дрес, едни навивачи и еден ист стадион покажува овој неверојатно емотивен момент за Андрес Иниеста. Таму каде што сè започна, синоќа и заврши.

Долго ќе се зборува за оваа измена во 63-та минута

На 19 мај 2018-та заврши авантурата на незаменливиот фудбалски џентлмен. Џиџи Буфон се збогуваше со колегите, противниците и навивачите кои го испратија со солзи. Без некои фудбалски икони едноставно фудбалот нема да биде повеќе ист. Легендиште кое еднаш се раѓа.

Пандев со гол ја заврши сезоната во Серија А

Во натпревар без никакво резултатско значење, Торино ја совлада Џенова на гости со 1:2. Горан Пандев го ублажи поразот на 10 минути до крај и ја заврши сезоната со 5 првенствени погодоци. Останува во Џенова и следна сезона која најверојатно ќе заврши на 12-та позиција.

Парма се врати во Серија А!

Една од најубавите вести на крајот од сезонава е тоа што Парма после три години во пониските лиги и објавата на банкрот, се враќа таму каде што и е место.

На Црвена звезда ѝ се запали автобусот додека славеше титула

На белградските „црвено-бели“ им преседна славјето откако по прекумерна употреба на пиротехника во отворениот автобус направија голем пожар.

10 екипи од Серија А ќе се тресат во последно коло

И покрај тоа што Јуве е шампион на Италија, сепак има уште многу што да се решава во италијанскиот фудбалски шампионат. Како стојат работиве, пола лига ќе игра под притисок за да се избори за своето. ЛШ, ЛЕ и опстанок.

Талентот на Барселона кој поради анксиозност пропушти злато на Европско

Во разговор за Гардијан, најмладиот дебитант во историјата на Барса, стрелец на 900 гола во младинските категории и освојувач на два пехари во Лига на шампиони, ја отвори својата душа.