Фудбал

Тоти до Буфон: Драг Џиџи ние сме толку различни, а сепак исти

Ривали на терен со дресовите на Јуве и Рома, соиграчи во репрезентација, пријатели засекогаш. Франческо му пиша кусо писмо на легендарниот голман во најтешкиот крстопат од неговата кариера.

За списокот на Јужна Кореја и Саудиска Арабија на СП

На 28 дена до почетокот на Светското првенство во Русија и двете селекции го објавија списокот на повикани фудбалери. На Корејците е конечен, а на Арапите проширен. Мора да признаете дека има неколку изненадувања кои не ги очекувавте ни на сон.

Најдрагите 4:0 на Милан

Зубизарета, Куман, Гвардила, Стоичков, Ромарио против Малдини, Албертини, Тасоти, Бобан, Савичевиќ. Повредени Барези и Костурта. Тренери? Капело vs Кројф. Некои финалиња од ЛШ ќе се раскажуваат и раскажуваат. Ова се играше на 18 мај 1994-та во Атина. Голот на Дејо за аналите. Потоп.

Буфон: „Сестра ми има Лига на шампиони, јас немам“

The Players Tribune одново изненади, овојпат со екстра интервју со Буфон кого го испрашува стоперот на Барселона и Шпанија.

Како изгледаше сајтот на БиБиСи кога Буфон потпиша за Јуве

4 јули 2001 година е датумот кога Старата Дама го направи еден од најумните потези во својата историја, а Џиџи воопшто не погреши со изјавата. Други времиња беа тоа.

Нашиот дик е поголем од вашиот

На дуелот од баражот во Холандија за влез во првата лига Емен и Спартак одиграа досадни 0-0 па на трибните беше поинтересно. Со оглед на тоа што двајцата тренери се викаат Дик (едниот Лукиен, другиот легендарниот Адвокат), домашните навивачи извадија банер со натпис:

Српските судии сега дуваат и во јогурт не само во свирче

По абнормалниот срам кој Срѓан Обрадовиќ ѝ го нанесе на својата федерација, вчера на мечот Јавор - Рад, неговиот колега Александар Васиќ одлично реагираше и го исклучи гостинскиот фудбалер Немања Петровиќ поради очигледна глума во 66’ минута.

И Италија има шанси да го освои Мундијалот

Што предвидувате на СП 2018, дека златниот пехар ќе го освои бранителот Германија, долгогодишниот фаворит Бразил или поранешниот шампион Шпанија? Или па можеби Италија како што некој предвидува.

Копачките на Салах во музејот на Британија како симбол на Египет

Британскиот музеј ги прикажува копачките adidas на Салах со кој Египќанецот сезонава одигра невозможно и ги освои сите награди во англискиот фудбал.

10 моменти кои ја одбележаа кариерата на Буфон

Да ја анализираш кариерата на Џиџи Буфон е како да раскажуваш дополнителни 22 години живот. Историски мигови, незаборавни паради, многу трофеи, безброј рекорди и пред сè верност кон Јуве која ја демонстираше со срце дури и во втора лига. Голманиште за кое ќе се зборува и по 100 години.

Остануваме 77-ми во свет

Македонската фудбалска репрезентација не се помрдна ни погоре ни подоле на најновата ранг листа, ама пак е подобро рангирана од своите противници во Лига на нации која стартува за три и пол месеци.

Никој како тебе Џиџи

Никој нема да го брани дресот како тебе, никој нема да лета како тебе, никој нема да не возбудува како тебе, никој нема да го брани невозможното како тебе, никој нема да не обедини како тебе, никој нема да инспирира како тебе, никој нема да биде голман како тебе, никој нема да биде како тебе.

Фотографии од семејниот албум на Џиџи Буфон

На денот кога објави дека во сабота играчки се збогува со Јувентус (и во очекување да дознаеме дали ќе се збогува и со фудбалот), дојде ред да го разгледаме неговиот омилен албум со спомени.

Во сабота го играм последниот меч за Јувентус

Дотеран и скоцкан во одело, во друштво на претседателот Андреа Ањели, Џиџи Буфон се појави во прес центарот на Јуве и со кнедла во грлото го објави своето официјално збогување со клубот на кој му служеше со срце 17 години.

Новиот стадион на Тотенхем ќе биде чудесен

На 14 мај 2017 година мечот Тотенхем - Манчестер Јунајтед беше последен во историјата одигран на стадионот „Вајт Харт Лејн“. 36-илјадниот стадион отворен во далечната 1899 година го срушија.

Апсолутна власт

Ако некој и натаму сомневаше чиј клупски фудбал е најдобар на светот, од синоќа веќе нема дилеми. На Пиринејскиот полустров се игра најдобриот и најуспешниот фудбал.

Голман, на лева нога да не си станат?

На серијата чудни и несфатливи автоголови кои почнаа со Холандија, па продолжија со Шведска, им се прикличуваат и Американците на турнир за играчи до 23 години. Со таа разлика што во случајов, некако голманов како да се ушепртља.

Гризман и Атлетико шампиони во Лига Европа!

Екипата на Диего Симеоне кој и вечерва издржуваше суспензија па беше на трибините, по трет пат ја освоија Лига Европа откако го декласираа Марсеј со 3:0 (1:0).

На Јувентус му фалат уште три Скудета

„Јувентус е понапред од сите и ќе освои 10 Скудета по ред“, изјави историскиот фудбалски агент, Серџо Берти, летото 2012-та.

Автогол на сезоната во Шведска

Во шведското првенство, Хакен го прегази Елфсборг со 5-0 а првиот погодок на мечот беше автогол на Роберт Гојани.

Судијата од Србија да ти бил специјалист за непостоечки пенали

Знаете ли од што ќе му биде најмногу срам на Милорад Мажиќ кога на 26 мај ќе стаса во Киев? Да каже од каде доаѓа. За Србија веќе три дена се пишува низ цел свет дека судија завршил во станица откако измислил пенал на прволигашки натпревар.

Малиот ѓавол се враќа во својот крај - Како Лион го одбил Гризман

Најдобриот француски напаѓач на денешницата вечерва ќе игра со својот Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа во градот чиј фудбалски клуб не сакал да го прими како мал дека бил слаб.

Со кој состав Јоаким Лев ќе ја брани светската титула во Русија

Костурот е скоро истиот од Бразил, со исклучок на некои пензионирани репрезентативци. Германија има талентирана младина на која може да смета, но ќе го нема златното момче кое стрелаше во 113-та минута. 

Што нема да се случи - Марадона ќе работи во Динамо Брест

Таман кога ќе помислиш дека сè си слушнал и видел во светот на фудбалот, следниот ден ќе те изненади некоја нова вест.