Фудбал

Нов штос на Твитерот на Рома

За тоа колку е цар твитерџијата на италијанскиот прволигаш дознавме по сензационалната елиминација на Барселона во четвртфиналето од ЛШ, ама сега има нешто да и каже и на УЕФА за нивното невоведувањето на ВАР. Со ова комично (иронично) видео сакаат да потсетат на пеналот кој не им беше досуден на реванш полуфиналниот дуел со Ливерпул. 

Херојот од соблекувалната на Реал Мадрид

До финалето на ЛШ има уште 10 дена, лабави сме и не е на одмет малку да се опуштиме, а во тоа ќе ни помогне син му на Марсело, си рекоа Кралевите. Браво бе сине, цел си на тато.

16 години од страшниот волеј на Зидан против Леверкузен

На денешен ден во 2002 година Зинедин Зидан му ја донесе на Реал Мадрид деветтата титула во Лигата на шампионите со еден од најубавите голови во историјата на овој турнир.

Ни обезбедување на аеродром не ги сопира Роналдо и Ромарио

Направете ни реклама на која ќе бидат прикажани во вистинско светло бразилските фудбалери, им рекле од Најк на продуцентите кои требале да ja смислат. И така се родило едно од мајсторските видеа со мајстори во него. Дечки знаете што? За точно 1 месец почнува светско.

Што имаат заедничко Неста, Перуџа и 14 мај

Кој би рекол во 2000-та година дека Алесандро Неста еден ден ќе стане тренер на Перуџа, клубот на кој сега има шанса да му се заблагодари за една професионално завршена работа во едно големо невреме за кое секогаш ќе се зборува во Рим.

Чудесен прием на топка

Напаѓачот на Коринтијанс Анхел Ромер не заборавил дека е во Бразил и ефектно примил една топка на дуелот со Палмеирас кој неговите го добија со 1:0.

Е така е

Трпат критики за блискост со судиите, за загубени финалиња во ЛШ, за вулгарни напади против судијата против Реал во четвртфинале, ама на крај вистината е таа. Никој не може да се мери со нив во Италија.

Жалната исповед на Дани Алвеш

Во текст за The Players' Tribune, медиум кој содржи колумни потпишани лично од познатите спортски ѕвезди, бразилскиот бек ја натажи јавноста.

Голман остај мобилниот ќе ти дадат гол

Тоа што никогаш не го очекувавме и очекувавте дека може да се случи на маалски турнир, се случи на прволигашки натпревар во Бразил. Голманот на Атлетико Паранаенсе на сред на натпревар фати да скрола на мобилен. Па каде отиде фудбалот? Да земеш да му го го удриш од глава. 

Пехарот за Лига на шампиони - играчка за ќерката на претседателот

Народниот пратеник од партијата БПП (Блок Петро Порошенко) и претседател на фудбалскиот сојуз на Украина, Андреј Павелко се најде во центарот на скандал откако ѝ дал на ќеркичката да игра со пехарот од ЛШ.

Бразилски голман преку телевизија дозна дека оди на Светско

Се вика Касио. Има 30 години и брани за славниот Коринтијанс. Со неговите најблиски во луксузниот дом во Сао Пауло на телевизија дознава дека ќе биде трет голман на Бразил на Мундијалот во Русија и полудуваат од среќа.

Триото од кое сите го кркаа сезонава

Најнепосакуваната контра на сезоната за секој тим во ЛШ беше дефинитивно онаа на Ливерпул. Со 29 гола триото стана најефикасно во историјата на ова натпреварување. Дами и господа во 2 и кусур минути ви ги претставуваме осите кои не се сопираат: Салах, Фирмино и Мане. Вистинскиот тест ќе го имаат на 26 мај во Киев, против европскиот првак.

Мамиќ по грешка на судот му дал спремни одговори за Ловрен

Целиот циркус на судењето на Здравко Мамиќ и натаму трае. Денес на судот по грешка му предал документи меѓу кои имало и спремни одговори за фудбалерот на Ливерпул и хрватски репрезентативец.

Првата петарда на Барса во ерата на Меси e потпишана од Барди и компанија

Можеби звучи неверојатно, ама вистината е таа. Откако Барселона во својот состав го има Лионел Меси, а тоа е од 2004-та година, прв пат се соочува со ваков дебакл од 5 примени гола.

Барди се сретна со првиот тренер од Чаир

Најдобриот македонски интернационалец сезонава, Енис Барди ги полни насловните страни по европските медиуми откако со два прекрасни гола „ја упропасти“ Барселона синоќа (5:4). Пред почетокот на денешниот тренинг на Леванте, Енис се сретнал со Бедри Салиу, неговиот прв тренер во Шкупи кога почнувал со фудбал.

Помошникот го напушта Мурињо после 17 години

Манчестер Јунајтед во текот на вчерашниот ден објави дека 42-годишниот Руи Фарија кој му е асистент на Жозе Мурињо од 2000-та, заминува од клубот.

На Салах му требаат вреќи за да ги прибере сите награди

Кога играч во една сезона ќе добие 34 признанија и награди, тоа значи дека е апсолутно најдобар.

Земунскиот Меси

Иако неговиот Земун изгуби со 3-2 во малото градско дерби против Рад, Милош Подунавац го постигна голот на колото во српската лига.

Колку треба да си луд (платен) за да досудиш пенал што не постои

Спартак Суботица и Раднички Ниш се сретнаа во директен дуел за Лига Европа, а вие сега ќе се сретнете со најсрамниот досуден пенал во историјата. Домаќините славеа 2:0 со два пенали, а гостите добија црвен. Судиска неправда е преблаг опис за прволигашкава местенка во Србија. Па барем да ја пипнеше топката со рака. Тажна и класична балканска фудбалска приказна.

Џиџи Буфон е првиот деветкратен шампион во Италија

Јувентус ја извојува седмата шампионска титула по ред откако ремизираше 0-0 со Рома во 37. коло од Серија А. За „Старата дама“ ова е 34-та титула во историјата а дури 9 од нив освоил голманот Буфон.

Одбрана на сезоната од голманот на Чарлтон

Бен Ејмос, голманот кој во свое време успеа да забележи еден настап дури и за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, сега брани за Чарлтон. Ама брани брани.

Ревардаризација или ресељализација?

Праша навивачката група Комити за време на вчерашниот натпревар меѓу Вардар и Пелистер кој некогаш беше празник, а сега нема добар ден со кого да си кажеш на стадион.

Барселона налета на Барди и за прв пат сезонава прими два гола од ист играч

Енис Барди стана македонска гордост во шпанското првенство и влезе во статистики во друштво на еден Меси. Кој би рекол дека уште во првата сезона во Ла Лига, вака ќе стартува наше дете кое има само 22 години.

Енис Барди се надмина себе си, експлодираше против Барселона со два гола

Шампионот на Шпанија го забележаа првиот пораз сезонава дури во претпоследното коло. Замина на гости кај Леванте без Меси и им се случи потоп во голеада со конечни 5:4. Македонскиот репрезентативец одигра фантастичен натпревар и успеа да ја тресне Барса два пати за 10 минути.