Еден од клубовите со најрадикални навивачи во Израел, Беитар од Ерусалим во знак на благодарност до американскиот претседател реши во своето име да додаде и Трамп. Така ќе настапуваат на официјални натпревари.
Нема веќе чуда, судбината му сврте грб на Хамбург - дојде крајот на една ера обележана со часовникот на „Фолкспарштадион“ - дигитален тајмер инсталиран во 2001 којшто до денес означуваше 55 години непрестано учество во Бундеслигата.
Верувале вие или не, Тони Мицевски на 48 години игра активно за тимот на Поешево во регионалната лига на Битола. Во триумфот над Црнобуки ГЛ од 5-0, некогашниот македонски репрезентативец во негов стил распали. Неговиот Поешево е прв на табелата.
Во битката за двете места во ЛШ за кои по се изгледа до последно коло ќе се борат Рома, Лацио и Интер, овие последниве вчера направија еден потег со кој само се засили тензијата пред директниот дуел Лацио - Интер, клучен за четврто место.
Паоло Малдини, Франческо Тоти, Рајан Гигс, Пол Сколс и Чаби Прието, тие се најверните фудбалери кои од почеток до крај го носеа саканиот дрес. По првите четворица, дојде време да се поздравиме и со легендата на Реал Сосиедад.
На мечот Хартс - Селтик, Одсон Едуар тргна по една топка во публиката, а таму едно дете нè врати во 90’ години на британскиот фудбал. Среќа не беше Кантона. Во друга случка на истиот натпревар Стив Нејсмит од Хартс намерно го згазна на незгодно место капитенот на Селтик Скот Браун.
Некогаш беше најомилен турски фудбалер, капитен и десетка на Галатасарај, капитен на репрезентацијата, ама после оваа глупост што ја направи репутацијата му падна на дно.
Еден од најскапите голмани на денешницата, бразилскиот репрезентативец Едерсон влезе во Гинисовата книга на рекорди откако го дегажираше фудбалот цели 75,3 метри!
Холандската фудбалска јавност беше сведок на еден од најспектакуларните автоголови во историјата на фудбалот. Просто неверојатно е како можеше ваква глупост да направи фудбалеров по име Стијн Спирингс од второлигашката екипа Дордрехт. Таму играат и двајца Македонци, Денис Махмудов и Антонио Станков.
Глазгов е градот во кој се прославиле неверојатни 219 пехари освоени од Ренџерс или Селтик. Тука се уште и Порто, Фенербахче, Олимпија од Парагвај, ЦСКА Софија....
Поминаа скоро 4 години, 4 проклети години на кои чекаше да постигне гол во Серија А. Тоа може да му се случи само на најмалерозниот фудбалер кој за пет и пол години имаше пет тешки повреди на двете колена.
Речиси малку е познато дека легендарниот Роберто Карлос и неговиот миленик Марсело прв и последен пат заедно на официјален натпревар поминале само три минути кога малиот Марсело дебитирал против Депортиво.
Го знаете ли вие репрезентативецот на Мали по име Фусеини Диабате? Епа има 22 години, игра во среден ред за Лестер и знае крајно безобразно да ја прими топката, па и појако од Марсело.
Пехарот во италијанскиот Куп за Милан ќе беше на некој начин спас на сезоната, не само заради самиот трофеј, туку и безболниот пласман во Лига Европа. Вака се доведоа во ситуација со засилувања од 230 милиони да бранат шесто место, а имаат заебан распоред до крај.
Ај една, ама за финале во Куп на Италија е премногу да направиш две кикса со кои на противникот му подаруваш два гола. Џиџи Донарума игра за Милан, има годишна плата од 6 милиони евра, го спремаат за заменик на Буфон во репрезентација, што значи смееше да си дозволи таков пад на концентрација. Немаа милост по социјалните мрежи после синоќешниот меч кој го доби Јуве со 4:0.
Не постои навивач на Хадерсфилд на кој не му се тресеа гаќите на Стемфорд Бриџ на 7 минути до крај. Бодот против Челси значеше и математички опстанок во Премиер лига, ама можеа за влакно да не го освојат, ако нивниот голман Јонас Лесл не ја направеше оваа чудесна одбрана по една мешаница од која глава ќе ве здоболи.
Тоа што Барса е шампион не значи дека треба да застане да игра. Синоќа го почастија Виљареал со петарда и сегаат имаат скор од 27 победи, 9 нерешени и 0 порази. Него што правиме со прашањето од насловот? Кој ли ќе му прави на Меси вакви асистенции од следна сезона? Овие топки се за во учебниците.
Случувањата во мак фудбалот и натаму тераат во свој стил, на дното. Еден од најголемите фудбалски градови продолжува да пати од таканаречените “спасители“ кои како тргнале ќе го однесат во стечај.