Што време дојде, Буфон да му брка рекорди на Пандев

Со триумфот против Милан, Јувентус стигна до 13 освоени Купови во Италија. За Џиџи Буфон тоа е број 5 во кариерата, исто колку што има и Горан Пандев.

Првиот Куп трофеј на Пандеб (2008/2009)
Џиџи Буфон го стигна Горан Пандев. Така да го кажеш тоа изгледа чудно, но е чиста вистинита статистика, пишуваат медиумите во Италија.
 
За легендарниот голман ова е четврти Куп трофеј по ред (2014–15, 2015–16, 2016–17, 2017–18), сите со Јуве се разбира и со тоа го израмни рекордот на Пандев кој беше единствен играч во Италија со четири во низа.
 
Од петте Купови кој ги освои со три екипи, четирите по ред му се во сезоните: Лацио (2008–09), Интер (2009–10, 2010–11), Наполи (2011–12). Петтиот му е со Наполитанците во 2013–14.
 
Интересно, за Џиџи ова беше прв освоен Куп како стартер во Јуве. Претходно настапи од првата минута кога го освои првиот во кариерата со Парма (1998-99), кога во финале ја совладаа Фиорентина.
 
Првиот Куп трофеј на Буфон (1998/1999)
 
Откако е член на Јуве, Буфон седеше на клупа на 6 финалиња по ред, а го менуваа Карини, Кименти, Сторари и два пати Нето.
 
Пандев и Буфон сега се единствени активни играчи во Италија со по 5 италијански купови, а на таа бројка се и Толдо, Станковиќ, Фавали, Конти, Бенети и Салсано.
 
Рекордот го држи Роберто Манчини кој има 6 трофеи. Четири му се со Сампдорија (1984–85, 1987–88, 1988–89, 1993–94) и два со Лацио (1997–98, 1999–2000).
 
Инаку според италијанските медиуми Пандев останува во Џенова и следна сезона.
11 мај 2018 - 10:15