„Аѕурите“ синоќа играа пријателски меч против Саудиска Арабија и го добија со 1:0 со голот на Марио Балотели. На трибините се појави парола со натпис: „Мојот капитен има италијанска крв“ (Il mio capitano e' di sangue italiano) со алузија на евентуална капитенска лента за Балотели чии родители водат потекло од Африка. Полицијата интервенирала и брзо го отстранила расистичкиот банер.