Буфон, Ето, четворица Јапонци и еден Кореец, толку се

Што со нив? Епа тоа се единствените фудбалери од СП Франција 1998 кои се уште се активни како играчи. Единствени од колку? 32 земји учеснички пута 23 репрезентативци = 736. Што ти е издржливост и упорност.

Каде што се легендарните фудбалски приказни, таму е и Џиџи Буфон, овој пат како еден од единствените 7 играчи кои учествуваа на Светско пред 20 години и уште не се даваат.
 
На овој список имаме тројца голмани, двајца напаѓачи и двајца играчи од среден ред. Најстар меѓу нив е 43 годишниот Терујоши Ито кој игра фудбал од 1993-та година, но за Јапонија има само 27 настапи меѓу 1997-ма и 2001-ва година.
 
Број 1 е по број на настапи на Мундијалите се знае кој е, Џиџи Буфон кој отпатува на СП Франција 1998, Јапонија и Јужна Кореја 2002, Германија 2006, Јужна Африка 2010 и Бразил 2014.
 
 
Италија да не кикснеше во баражот со Шведска, Џиџи ќе станеше единствен играч во светот со шест мундијалски учества. Клупскиот колега на Јаховиќ, Самуел Ето има 4 учества, а исто и 42 годишниот Кавагучи.
 
Ова се единствените активни фудбалери кои учестуваа на СП 1998:
 
Џиџи Буфон 40 (Италија) слободен играч
Самуел Ето 37 (Камерун) Коњаспор
Ли Дон Гук 39 (Јужна Кореја) Чонбук Хјундаи Моторс
Шинџи Оно 38 (Јапонија) Консадоле Сапоро
Јошикацу Кавагучи 42 (Јапонија) Сагамихара
Сеиго Наразаки 42 (Јапонија) Ногоја Грампус
Терујоши Ито 43 (Јапонија) Азул Кларо Нумазу
23 мај 2018 - 16:45