Владетелот во Лига на шампиони

Гледаме фудбал во ера во која се поместуваат границите, што е добро бидејќи имаме што да им раскажуваме на внуците. Во саботата вечер една таква граница помести Кристијано Роналдо, првиот фудбалер кој стигна до 5 титули во најеминентното клупско европско натпреварување во овој формат.

Славната планетарна спортска ѕвезда ја заврши работата за точно една деценија, а клучна беше серијата со Кралскиот клуб кој издоминира на европската сцена и успеа во рок од 5 години дури 4 пати да биде на тронот.
 
Серијата му изгледа вака:
 
Манчестер Јунајтед 2007/2008
Реал Мадрид 2013/2014
Реал Мадрид 2015/2016
Реал Мадрид 2016/2017
Реал Мадрид 2017/2018
Да е само ова. Португалскиот ас држи уште седум рекорди во ова натпреварување:
 
За да нема забуни оваа статистика е од 1992-та година, кога УЕФА го смени форматот и Европскиот Куп формиран во 1955-та го преименуваше во Лига на шампиони.
 
Има уште девет играчи со по 5 трофеи:
 
1. Алесандро Костакурта (1989, 1990, 1994, 2003, 2007)
2. Паоло Малдини (1989, 1990, 1994, 2003, 2007)
3. Алфредо Ди Стефано (1956, 1957, 1958, 1959, 1960)
4. Хозе Марија Сарага (1956, 1957, 1958, 1959, 1960)
5. Рафаел Ресмес (1956, 1957, 1958, 1959, 1960)
6. Маркитос (1956, 1957, 1958, 1959, 1960)
7. Хаун Сантистебан (1956, 1957, 1958, 1959, 1960)
8. Хуан Алонсо (1956, 1957, 1958, 1959, 1960)
9. Хектор Риал (1956, 1957, 1958, 1959, 1960)
 
Со по четири трофеи се колегите на Роналдо: Начо, Каземиро, Варан, Карвахал, Иско, Модриќ, Бензема, Марсело, Бејл, Рамос и Крос, потоа Иниеста, Чави, Меси, Пике, Сидорф, Фил Нил (Ливерпул) и Хозе Сантамарија, Енрике Матеос и Хозе Иглезиас Фернандес (Реал Мадрид).
 
Еден и единствен со 6 трофеи во Европскиот Куп е легендата на Реал Мадрид, Франсиско Хенто (1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1966). Инаку жив е човекот, има 84 години.
28 мај 2018 - 10:00