Крајот на една ера, почетокот на една легенда

Нема навивач на Рома кој ќе го заборави 28 мај како датум, а и нема да има друг играч од Рома кој ќе биде испратен на таков начин. Тоа беше ден во кој не можеа и не сакаа да се разделат Тоти и неговите фанови, ама мораа.

Во одреден момент од животот се станува голем. Така ми рекоа.
 
Проклето време.
 
Денес дојде моментот кога треба сам да се тапшам по рамо и да си кажам:
 
Треба да растеме, од утре ќе бидеш голем, измиј си ги шорцевите и копачките, бидејќи ти од денес си човек и нема да можеш повеќе да го почувствувам мирисот на тревата од близу, сонцето в лице додека трчаш накај противничкиот гол, адреналинот кој те троши и задоволството за да се радуваш.
 
Се запрашав во овие месеци зошто ме будат од овој сон. Го знаете ли она кога сте деца и сонувате нешто убаво, а вашата мајка ве буди за да одите во школо, додека вие сакате да продолжите да спиете и сакате да го пронајдете моментот од приказната, но тоа никогаш не ви успева. Овој пат не беше сон, туку реалност.
 
Овој пат не можам да продолжам од истиот момент од таа приказна.
 
Овој пат е крај, ама вистински крај.
 
Си го мијам дресот за последен пат.
 
Го пакувам за добро, иако не сум спремен да речам доста е.
 
Можеби никогаш нема да бидам.
 
28 мај 2017-та, крајот на едно кралство.
 
Кралот Франческо Тоти, осмиот крал на Рим, за последен пат седи на престолот на Олимпико.
 
Крајот на една ера, почетокот на една легенда.
28 мај 2018 - 15:45