Резервните состави на Алмиранте и Атлетико Сан Мигел, кои се натпреваруваат во третиот ранг во Аргентина (Torneo de Reserva de la Primera ‘B’ Metropolitana), ја завршиле сезоната со тотално ист учинок на крајот:
Имале исто бодови, иста гол разлика и ист број на дадени голови. Поради тоа правилата налагале пехарот да го освои екипата извлечена на лотарија.
На 27 септември 2017 година започнало првенството во кое играат сите резервни состави на прволигашките и второлигашките екипи. Првенството го поделиле на две фази. Првата била групна етапа на A, B и C групи, а во втората фаза најдобрите екипи од секоја група играле меѓу себе.
Сан Мигел победил во групата А, Акасузо во групата B, а Алмиранте во група C.
На ниту еден од трите меча во втората фаза немало победник, но Сан Мигел и Алмиранте дале по три гола а Акасузо само два, поради што првите два клуба добиле право да разигруваат за титулата на лотарија. Фудбалската федерација на Аргентина ги викнала претставниците од двата клуба во своите канцеларии каде се спровела лотаријата.
А на лотарија го извлекле Алмиранте Браун кој победил и ја освоил титулата.
Фудбалерите на Алмиранте Браун ја прославиле титулата во тренинг центарот:
📹 Así festejaron los jugadores de la reserva luego de enterarse que son los nuevos campeones del torneo organizado por AFA. #VamosLosPibes pic.twitter.com/gmmQSJulNQ
— Club Almirante Brown (@Club_AlteBrown) May 28, 2018