Аргентинецот беше синоним за врвен центарфор, прав голгетер, шпиц сидраш кој ги тероризираше голманите со лева, со десна, со глава, од слободен удар, од пенали, буквално секако. Носталгичарите со посебна драж се сеќаваат на него.
За време на реваншот од баражот за пласман во аргентинската втора лига, Алварадо водел со 1-0 против Сан Хорхе и со тој резултат бил во повисок ранг. А 5 минути по стартот на вториот дел гостите решаваат да го бојкотираат мечот поради лоша арбитража во целиот плејоф.
Алмагро и Централ Кордоба го играа реваншот од полуфиналето на баражот за пласман во повисок ранг. Ваква кланица со волку стартови нема ни во ММА борбите. Судијата подели пар црвени картони и едвај ги смири фудбалерите. На крај Алмагро одново победи 2-1 како и на првиот меч и ќе игра во финалето на плејофот против Сармиенто.
Во Англија нема хулигани, ниту во Франција, Полска или Русија. Кога ќе го погледнете видеово ќе сфатите зошто. Додека Буенос Аирес се срема за утрешното реванш финале меѓу Бока и Ривер, во еден кварт во главниот град на Аргентина, полицијата бега од навивачите по завршување на локално третолигашко дерби.
Во третата фудбалска лига на Аргентина после месеци и месеци големи борби за титулата, на крајот првакот го извлекле на лотарија само зошто екипите имале исто бодови и дадени голови.
На баражот од третата аргентинска лига Торнео Федерал меѓу Гимназија де Мендоза и клубот Митре, еден навивач покажа дека баш му е гајле за модерната технологија снимање со дрон на фудбалските натпревари.