Коментаторски фудбалски клишеа

Овие што ги најдовме не се од наши коментатори, ама ги преведовме и испадна дека дел од нив важат и за кај нас. Апа кај нас често можеш да чуеш на пример: „Нема што да изгубат“, а тоа се работи за финале.

„Судијата е точен како швајцарски саат“.
„Златната белгиска генерација“, се мисли на секоја просечна белгијска репрезентација.
„Стариот англиски стил на игра“, за играта со нафрлени.
„Мексиканците знаат да изненадат“, а инаку нема да се случи тоа.
„Германија ја краси дисциплина“, без разлика дали се работи за оваа селекција или некоја од пред 10, 20 или 30 години.
„Технички никој не е супериорен кога игра со Бразил“.
„Фудбалерите од Источна Европа важат за многу снажни“.
„Африканците играат брз фудбал, ама им фали тактика“.
„Иако Аргентина игра лошо, Меси е играч кој може сам да го реши мечот“
„Италија води 1:0 и сега следува нивната препознатлива игра Катеначо“.
„Србите и Хрватите потекнуваат од старата југословенска школа“
 
Дел од овие сигурно ви се познати, а еве нас што ни текна на прва:
 
„Им тежат нозете и на двете селекции“, ова кога се играат продолженија.
„Сè направи фудбалски“.
„Нема слаби и јаки, денес сите играат фудбал“
„Навивачите се нивни 12-ти играч“
„Нема што да изгубат“, а тоа се работи за финале.
„Почетно испитување на силите“, стандард коментар некаде околу 10-та минута.
„Нападот е најдобра одбрана“, ова сме го чуле преку 1.000 пати.
„Дел Пјеро е алфа и омега во играта на Јувентус“.
„Ги измеша картите“, она кога на тренерот не му ја бива тактиката.
„Се обидуваат да ја наметнат својата игра“.
„Вистински празник за око“.
„Пенал рулет“, за пенал серијата.
 
Ви текнува уште нешто?
 
Калински тоа го правеше во свој стил.
6 јуни 2018 - 16:14