Фудбал

Едниот Хрват избркан од репрезентација поради скандалот

Хрватскиот фудбалски сојуз (HNS) соопшти дека помошникот тренер - скаут во репрезентацијата, Огњен Вукојевиќ е сменет по објавеното видео на кое тој и репрезентативецот Домагој Вида ја величаат Украина по триумфот над Русија.

ФИФА му прогледа низ прсти на Домагој Вида за Украина

После мечот со Русија во четвртфиналето на кој беше еден од најголемите јунаци поради убавиот гол со глава, хрватскиот стопер Домагој Вида даде коментар за дуелот на Хрватската телевизија и беше сосема пристоен, коректен и убедлив. Подоцна се изглупирал.

Што ви се криви па коментаторите на МТВ?

Во цело ова едно месечно светско фудбалско уживање полно со емоции и неизвесности, мора да се најдат и по неколку црепови кои од недозреаност и неукост и од што не знаат како да се изглупираат, им се обраќаат директно на коментаторите на МТВ на мизерен начин.

Француско фудбалско фото на летото

Еднаш губиш и паѓаш, друг пат добиваш и славиш. Колку фудбалот е променлив покажува фотографијата на која ги гледаме Гризман и голманот Лори на Европското 2016 и на Светското 2018.

Кога Азар со браќата навивал за Франција

Една фотографија од еден летен одмор во детството на најдобриот фудбалер на Белгија, го покажува него и неговите браќа кои станаа исто фудбалери, со дресови од следниот противник на Светското првенство.

Пиво за цел град од Манџукиќ

Хрватите ги живеат најубавите и најемотивните фудбалски моменти во последниве 20 години, а овој прогрес до полуфинале е истовремено поголем трошок за навивачите кои на секоја средба треба да се разладат ако не сакаат да колабираат после толку пенали. Марио и на тоа мисли.

Пенал завршницата на Хрватска со коментар на Драго Ќосиќ

Ако кај нас најгласно и најемотивно во пренос блескаше Калински, во Хрватска тоа е Драго Ќосиќ. Гушнете се, веселете се, бакнете се, скокајте, пеете, плачете, Хрватска е меѓу најдобрите четири селекции во светот, урлаше легендарниот коментатор по пеналот на Ракитиќ.

Рускиот селектор бил смешен голман на времето

Бранел на времето за Спартак и Ломотив Москва како и за Динамо Дрезден и австрискиот Тирол. Пред да стане селектор на Русија беше тренер на Спартак Москва и на полска Легија Варшава. А како бранел подобро и да не бранел.

Далиќ го сними славјето на Хрватите во хотел

Хрватска не спиеше синоќа, ама не се спиеше ниту во хотелот на Сочи каде беше сместена хрватската репрезентација. Селекторот ни ја пренесува атмосферата каде фудбалерите испентарени на столи и маси го слават полуфиналето.

Непримерна видео порака на Домагој Вида и Вукојевиќ

Стрелецот на вториот гол за Хрватска, стоперот Вида и членот на стручниот штаб Огњен Вукојевиќ синоќа снимиле видео во кое ја величаат Украина што Русите го сфатиле како провокација. Двајцата долго време играа за Динамо Киев, едниот седум години, другиот пет па затоа ваков излив на емоции за Украинците кои во квалификациите за Светско испаднаа токму од Хрватска.

Колинда во ултрас фазон

Ја гледаш победничката атмосфера во соблекувалната на Хрватска и да не ја познаваш ќе помислиш дека плавата женска им е можеби физиотерапевтката, а тоа да ти биде претседателската на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ. За пласманот во четвртфинале ги гушкаше во соблекувална, сега скока со нив, а ако влезат во финале со колут напред ќе им влезе.

Селекторот на Хрватска не можеше да го гледа пеналот на Ракитиќ

Златко Далиќ можеби беше единствениот Хрват кој вечерва не беше на нозе за време на последниот пенал и не гледаше што ќе направи Ракитиќ. Откако фудбалерот на Барселона го реши мечот, скаутот на репрезентацијата Огњан Вукојевиќ скокна прв да го гушка.

Хероите на Далиќ го повторија историскиот успех на Бобан, Шукер и дружината

По 120 минути драматичен фудбал во Сочи и вкупно 4 гола од кои 2 во продолженијата, златната генерација предводена од Модриќ, Ракитиќ, Манџукиќ, Перишиќ...е меѓу најдобрите четири селекции во светот. Тоа е истиот успех од СП Франција 1998.

Англија во полуфинале на Светско после 28 години!

Дури осум од десет гола Англичаните на ова Светско постигнаа после прекин. По Стоунс против Панама, сега и вториот висок стопер Хари Мегвајер се запиша во листата на стрелците. Англија ќе го чека во полуфинале подобриот од мечот Русија - Хрватска (20 часот).

Како се појавила хрватската шаховница?

Шаховницата на хрватскиот дрес е една од најнестандардните и најнеобичните во фудбалот. Но самата идеја за неа не е поврзана со љубовта на нацијата кон шах, ниту со мејнстримот на толпата.

Испадна и Бразил, Куртоа ја спаси Белгија

Четврт пат по ред светскиот шампион ќе биде од Стариот континент. Белгија го совлада Бразил со 1:2 и ќе игра против Франција во полуфиналето.

Суарез за прв пат на Светско не ја допре топката во шеснаесетник

Селекцијата на Франција ја оправда фаворитската улора против Уругвај кој без повредениот Кавани беше драстично ослабен во напад. Составот на Дешамп вечерва ќе го дознае противникот во полуфиналето, а тој ќе биде Белгија или Бразил.

Манирите на El Maestro, професорот селектор на Уругвај кој владее со ботаника

Селекторот на Уругвај, 71-годишниот Оскар Табарез е една од најмаркантните фигури на Светското 2018. Имасериозен здравствен проблем (синдромот Гијен-Баре), но тоа не му сметаше да го внесе Уругвај во четвртфиналето и да го исфрли Кристијано Роналдо од Светското првенство.

Што ако сум газда, од Велс до Македонија ќе шибам со кола

Фудбалерите на Шкендија за пет дена го играат првото квалификациско коло за ЛШ, а првиот човек на нивните противници е веќе на пат за Скопје. Малку им прегреа џипот по пат, ама за сега добро тераат, барем во првите два од петте дена пат кои ги испланирале. Каков шампион.

Кога Русите им даваа Мерцедеси на Хрватите зошто ги однесоа на Европско

Поминаа 11 години од една од најголемите победи на Хрватска во историјата на нивниот фудбал. Ја шокираа Англија на Џерард, Лампард, Фердинанд и Крауч среде „Вембли“ и ги оставија без пласман на Европско.

Што ќе гледаме денес на Светското?

Четврфиналната програма започнува со дуелот Франција - Уругвај. Победникот од овој меч во полуфинале оди на подобриот од Бразил - Белгија. Отсутни повредениот Кавани и „пожолтените“ Каземиро и Матуиди.

За секој случај да не падне

Бразил е во четвртфинале, а патот до големото финале е тежок и исцрпувачки, па некои луѓе мислат на сè. Мора да го чуваат човекот, лидер им е.

Каков капитенски потег на Икарди

Интер лека полека го крчка составот за Лига на шампиони и на тема засилувања за сега е на одличен пат. Дел од навивачите беа скептици дека Икарди е дораснат за капитенската лента, ама со потегов ги купи сите.