Нема град и плоштад каде не е поставен прожектор за гледање фудбал во Хрватска, а со фудбал и лето неизбежно е пивото. Додека Марио Манџукиќ собира сили и концентрација за овие напнати нокаут средби, истовремено мисли и на своите сограѓани.
Сите луѓе кои го следеа четвртфиналето меѓу Русија и Хрватска на плоштадот во Славонски Брод пиеја пиво на сметка на Марио.
Тој уплати 25.000 куни (околу 3.800 евра) за да ги почасти луѓето кои го бодрат во неговиот роден град. Каков цар.
На прашањето од каде му снага за 120 минути борба на терен, 32 годишниот Манџукиќ се насмеа и одговори:
„Појма немам. Се сеќавам на еден стручњак пред првенството кој кажа дека не е тоа оној стар Манџукиќ. Се сложувам со него. Ова е некој уште подобар Манџукиќ. Давам се од себе за тимот“.