Фудбал

Фоторепортерот кој Манџукиќ го собори на земја ќе летува во Хрватска

Јури Кортез кој се прослави во полуфиналето на Мундијалот во Русија доби покана да ја посети земјата која се уште е во транс од остварувањето на нивниот најголем фудбалски успех во историјата.

Илчо Ѓорѓиоски со писмо си замина од ФФМ

По шест години работење, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија си поднесе оставка од претседателската фотеља на најмоќната спортска федерација кај нас. Следниот ангажман ќе му бил во УЕФА.

Чекај како ти успеа ова?

Ајозе Перез од Њукасл постигна гол на тренинг каков што ниту сте виделе ниту ќе видите. Чудо од потег. Не мрдна голманот.

Каде се и што прават Светските шампиони на Франција 1998

Подигнувањето на Златниот пехар на Французите беше и еден вид потсетување на Мундијалот пред 20 години, кога легендарната генерација предводена од велемајсторот ЗиЗу за прв го достигна тронот. И тогаш имаа страшен состав, а Дешамп држеше среден ред.

Форца Јуве на Роналдо пред бременоста на Бијонсе

Јувентус во Кристијано Роналдо нема да добие само петкратен освојувач на ЛШ и Златната топка, туку и магнет на социјалните мрежи со кој секој ден сè повеќе и повеќе расте и клубот како бренд.

Рефлексот на Субашиќ за време на славјето

Кога Данијел Субашиќ ти чува грб тогаш немаш гајле, на сигурно си. Прашајте го Вида, тој најдобро го знае тоа. Модриќ пак со една рака го пазеше, а со друга го снимаше за story.

Презентацијата на новото засилување на Реал некако не помина добро

Алваро Одризола е најновиот член на Реал Мадрид. Се работи за 22 годишен десен бек кој дојде од Реал Сосиедад за 30 милиони евра. Ваква контрола на топка не сте виделе во живот.

Говорот на Дешамп за време на финалето на Мундијалот

Водството од 2:1 на полувреме во финале на Светско не е никаква гаранција дека го имате пехарот в раце, особено не против една ваква Хрватска за која и самиот француски селектор е свесен колкава енергија вложија на терен. Хрватска играше фудбал, но Французите имаа повеќе к`смет, веруваа во себе и победија.

Сторија за англискиот голман кој ги избави од проклетството пенали

Пред една година никој не знаел ништо за голманот Џордан Пикфорд кој се ашкал по позајмици во нисколигашите, потоа бранеше во испаднатиот Сандерленд а денес важи за најдобар англиски голман.

Санти Казорла се врати на терен после 636 дена

Еден од најдобрите техничари на модерниот шпански фудбал се врати на теренот во својот Виљареал, клуб кој го направи голема ѕвезда и кој сега му дава нова шанса.

Французите почнаа да ги исполнуваат ветувањата ако станат шампиони

Иако најчесто читаме и слушаме за некоја старлета, фото-модел или манекенка како ветила дека ќе направи нешто необично ако нејзината земја стане светски првак, такви ветувања даваат и самите фудбалери.

Ријад Марез со мајка му на промоција во Манчестер Сити

Најдобриот алжирски фудбалер во моментов, Ријад Марез пред неколку дена потпиша со Манчестер Сити и стана еден од најскапите трансфери од кога шеиците го купија англискиот клуб. На потписот на договорот и промоцијата, Марез дошол со мајка му Салиха.

Новата 7-ка на Јуве ја купија 520.000 луѓе за еден ден

Кристијано Роналдо уште го нема облечено дресот на Јувентус, ама според темпото со кое се продава, Старата Дама ќе ги извади парите кои ги даде за трансферот само од продажбата на дресовите и тоа лабаво.

Може ли фудбалот да го оздрави француското општество?

Низ историјата, Nike и adidas имаа многу врвни реклами со интересни поенти, но неодамнешниот трик на германскиот гигант во Париз, безусловно заслужува максимално внимание и почит. И кажува многу повеќе од една фудбалска игра.

Искуствата на навивачите кои губеа лични ствари во Русија

На толку илјади навивачи од цел свет кои ја запоседнаа Русија изминативе месец дена, не може да нема расеани. Местото на lost and found ствари личи на маркет во кој ај што има куфери и торби, туку и загубени работи од типот на играчки, чадори, тапани, па дури и санки. Што нема во магацинов. Русиве враќале назад тоа што ќе најдат, барем на овие интервјуираниве.

Хрватот кој си стави на глава шапка од натрапниците на финалето

Во моментот кога членови на феминистичката панк група Паси Рајот на кратко го прекинаа финалето на Светско првенство, Марсело Брозовиќ реши да си поигра.

Преубава изведба: Деца ги повторија истите сцени од финалето

Со автогол со глава како Манџукиќ, со дриблингот и бомбата со лева на Перишиќ, со игра со рака и барање ВАР снимка да се прегледа, со сè... Руски дечиња кои тренираат во елитна фудбалска школа во Москва го повторија финалето:

Јувентус дал најмногу светски шампиони во историјата

„Старата дама“ има плејада фудбалери кои освојувале златни медали на Европските и Светските првенства, во најголем случај со репрезентацијата на Италија. Зад нив е Баерн Минхен, а следуваат и клубови од Јужна Америка.

Шиме е најјак, му се качи на џандарот на мотор

Додека цела репрезентација на Хрватска 5 часа се клацкаше и лудуваше на панорамскиот автобус од загрепскиот аеродром до плоштад, еден од играчите го снема.

Ма какво второ место, Хрватите се пречекани како богови

По историскиот пласман во финале, Хрватска тотално одлепи и ги пречека своите херои како Светски шампиони. Ваков епски пречек може да приредат само балканци и никој друг. Се зборува за бројка од половина милион луѓе во центарот на Загреб. Една женска топлес се сликаше со полицајци.

Момчето од селцето Модриќи на кое му се поклони светот

Откако му го убиле дедото во војната, Лука Модриќ живеел како бегалец. Потекнува од скромно семејство, а тренерите не го бендисале бидејќи бил неухранет. Епа сега истото тоа дете за кое викале дека е многу слаб за фудбал, прогласен е за најдобар играч на Мундијалот во Русија.

Сите голови од Светското на едно место

На Светското првенство паднаа 169 погодоци на 64 натпревари или во просек по 2,64 гола по натпревар. Во Москва се одигра и најефикасното финале од 1966 година (финалето тогаш завршило 4-2 но после продолженија).

Французите му пееле на Путин во соблекувална

Светски шампион се - им се може. Група француски фудбалери после финалето во соблекувална качени на маса, предводени од Погба му скандираат на рускиот претседател: „Путин, еј хеј хеј“. Колинда Грабар-Китаровиќ им честита на француски јазик.

Шампионски пречек за Белгија

Селекцијата на Белгија го одигра најуспешниот Мундијал во својата историја и после триумфот над Англија со 2:0 си замина дома со бронза, а таму вистински навивачки делириум. Некој да нема појма што се случувало на Светсково ќе помисли дека Белгија го освоила.