Фудбал

Најинтересни моменти по кои ќе го паметиме Светското

Франција е шампион, Хрватска е втора и го освои сребрениот медал, Белгија е бронзена. Тоа е епилогот на прекрасниот Мундијал во Русија кој месец дена ни донесе прекрасни моменти.

Зошто Гризман носеше знаме на Уругвај на прес-конференцијата?

Франција ја совлада Хрватска со 4:2 и стана светски шампион, а напаѓачот на Французите Антоан Гризман после мечот на прес се нагрна со уругвајско знаме кое му го даде новинар од оваа земја.

Твит на денот за следното Светско првенство

Бидејќи на лето температурите им се во просек по 45 степени, следните домаќини Мундијалот во Катар за прв пат во историјата ќе го организираат во зима. Почнува на 21 ноември, а завршува на 18 декември 2022-ра, а тоа значи:

Погба, Гризман и Умтити влегоа во мексикански филм

Не требаат камери за да видиме како играчите откачуваат во соблекувална откако ќе го освојат највредниот пехар во фудбалот. Со снимките од нивните телефони сè имаме на тацна. Погба на шоља не седнува без мобилниот и ја снима секоја заебанција во соблекувална. 

Што му пееја на Канте во автобус

Н`Голо Канте е вистински хит во француската репрезентација. Дечкото последниве 4 години дебитираше за Лестер и освои Премиер лига, дебитираше за Челси пак освои Премиер лига, дебитираше со Франција на ЕП 2016, стигна до финале и последно дебитираше на Светско и го освои. Машина е во среден ред и злато играч на таа позиција. Неговите колеги тоа го знаат, па му пееја:

Тие што упаднаа на терен беа од Pussy Riot

Три девојки и еден дечко облечени во полициска униформа за парада, ја прескокнале оградата и влегоа на сред терен на почетокот на вториот дел од големото финале.

Франција е светски шампион, Хрватска достојна за злато

Во финалето на 21. Светско првенство, репрезентацијата на Франција убедливо со 4:2 (2:1) ја совлада Хрватска и по втор пат го освои највредниот златен пехар во светот на спортот.

Франција е светски шампион, Хрватска достојна за злато

Во финалето на 21. Светско првенство, репрезентацијата на Франција убедливо со 4:2 (2:1) ја совлада Хрватска и по втор пат го освои највредниот златен пехар во светот на спортот.

Историски бронзен медал за Белгија

Дуелот меѓу двете разочарани репрезентации и припадна на селекцијата на Белгија која ја доби битката за трето место со 2:0. Белгијците се најефикасниот тим на ова Светско првенство со 16 голови, а овој пласман за нив е до сега највисок во историјата на Мундијалите.

Сите 450 гола на Роналдо во Реал, да сите

Сè почна против Ла Коруња од пенал на 29 август 2009-та, а заврши против Виљареал со глава на 19 мај 2018-та. 100-от гол му е против Лион, 200-от против Малага, 300-от против Рајо Ваљекано, 400-от против Севиља. Неговата историска ера на Бернабеу заврши, а MadridistaTV реши цел голгетерски дел да го смести во едно видео. Со оглед на неговиот придонес во клубот, ова е најмалку што заслужи.

Модриќ е окото, а Ракитиќ срцевиот ритам на Хрватска

Реков дека Лука Модриќ е најкомплетниот играч од средниот ред во светскиот фудбал, но исто толку важен за тимот е и Иван Ракитиќ. Има хрватска душа и швајцарски ум. Има определба и работна етика, но над сè е неговата вештина.

Тешката судбина на хрватскиот голман Данијел Субашиќ

Меѓу бројните животни приказни на дел од хрватските фудбалери, онаа на нивниот голман кој им го трасираше патот до финалето на Светското првенство, можеби е најболна.

Бакнежот за среќа кој го носи златниот пехар, каква коинциденција

Блан му приоѓа на Бартез и го бакнува во глава. Франција стана светски шампион. Вида му приоѓа на Субашиќ и го бакнува во глава. Хрватска во недела ќе има шанса да стане светски шампион.

Како Шукер го опиша Манџукиќ

Првиот е херој на Хрватска од СП Франција 1998, а вториот херој на СП 2018. За борбеноста на Марио Манџукиќ на ова Светско, првиот човек на хрватскиот сојуз ги има најточните зборови.

Фановите на Роналдо бегаат од Реал и се лепат за Јуве

Кристијано Роналдо се очекува да направи бум во Серија А, нешто што веќе го прави во неговиот нов клуб. Откако со неговото доаѓање цената на акциите на Јуве пораснаа за 20%, социјалните мрежи на Старата дама го бележат следниот бесен скок: +1,4 милиони следбеници на Инстаграм, 1,1 милиони на Твитер и 500.000 на Фејсбук. Реал Мадрид за 24 часа изгуби 1 милион фанови.

Џерард дебитираше против Шкупи со победа и атрактивен потег

Дуелот од првото квалификациско коло во Лига Европа меѓу Шкупи и Глазгов Ренџерс беше прв официјален настап на Џерард како тренер. Легендата на Ливерпул оствари водство од 2:0 пред реваншот во Скопје на 17-ти јули, ама како уште да му се игра фудбал.

Моментот кога Англија безобразно сакаше да даде гол

Додека Хрватите го славеа голот на Манџукиќ во второто продолжение од полуфиналето, Англичаните сакаа „на кварно“ да им вратат со брзо изведување од центар. Но судијата ги спречи во согласност со правилата.

Ех, животе, Никола Калиниќ

И така, додека светот ги слави хрватските момци кои вложија надчовечки напори да влезат во финале, еден фудбалер што допатува со нив во Русија (ќе простите на речникот), ама сега си гризе од газот.

Драго Ќосиќ прегоре од возбуда за финалето на Хрватска

„Ние сме 13-та земја која успеа да се избори за финале на СП, втора најмала во историјата. Х како храбра, Р како радничка, В како ватрена, А како амбициозна, Т како тврдоглава, С како стабилна, К како карактерна и А како атрактивна“, рече легендарниот коментатор во финишот.

Темпераментот му е средно име, го свиреа, ама одигра топ

Класичната непромисленост која е така карактеристична за некои фудбалери, е само една од карактерните црти на стоперот на Хрватска кој се носеше со голем притисок пред 78.000 гледачи на „Лужники“ и на крајот излезе како победник.

Херојот на Хрватска го носи родниот град на копачките

По неверојатниот пласман во финале на Светско, камерите го снимија Марио Манџукиќ како од трибините бара знаме, но не обично знаме, туку со натпис на неговиот роден град.

Билјана ги искина Англичаните

Со слоганот „Тhe football is coming home“ до толку зајдоа во Англија што земаа и авиони да летаат и тоа испишувајќи ја на небо таа нивна пуста желба за која ќе почекаат нови четири години. Додека на Фејсбукот на Дејли Мејл се коментираше на една друга тема која за среќа заврши добро, наше девојче ги спушти на земја Англичаните, ама многу јако.

Фотографот кој случајно стана дел од прославата на Хрватите

Во вториот екстра тајм од полуфиналето на Светското, Марио Манџукиќ постигна прекрасен гол а толпата хрватски играчи во еуфоричната прослава се израдува и со еден турнат фотограф кој лежеше на земја и славеше со нив.

Што успеа да сликне фоторепортерот кого Манџукиќ го легна на земја

Ако некој човек кој вчера беше на должност најсилно го почувствува славјето на Хрватите кога Марио го даде голот вреден финале, тоа е Јури Кортез. Фоторепортерот беше дел од тушот на играчите, ама успеа да направи фотографии од лудилото кои ќе му останат ексклузивни. Го ничкосаа на земја, ама после го бацуваа.