Во спектакуларното финале пред 78.000 гледачи на легендарниот „Лужники“ видовме шест гола, автогол, ВАР технологија, неколку спорни моменти и одличен фудбал.
На крајот, по 90 и кусур минути игра „Галските петли“ во своето второ финале по 1998-ма, по вторпат станаа светски прваци.
Од друга страна, Хрватска застана на чекор од остварување на неверојатниот сон, но успеа да направи најголем успех во својата историја. Ако во 1998 беа трети, овојпат се втори на свет што е нестварен успех за „коцкестите“ кои прикажаа најубав фудбал на целиот Мундијал.
ФИНАЛЕ НА СВЕТСКО 2018:
ФРАНЦИЈА - ХРВАТСКА 4:2 (2:1)
/Манџукиќ (а.г.) 18‘, Гризман (пен.) 39’, Погба 59, Мбапе 65’ - Перишиќ 28’, Манџукиќ 69’/
Иако Хрватите одлично влегоа во мечот и од стартот имаа контрола на топката, создадоа неколку добри прилики, Французите како речиси на секој меч на ова Светско чекаа своја шанса и по 18’ минути игра ја дочекаа.
Од еден слободен удар од косо Гризман центрираше а Манџукиќ во обид да ја избие во корнер си даде автогол за големо славје на Французите:
Но Хрватите не се предадоа и брзо возвратија. Точно 10 минути по примениот гол, по една одбиена топка во францускиот шеснаесетник Иван Перишиќ маестрално го измести својот чувар и распали со лева за 1-1:
Избраниците на Златко Далиќ и по израмнувањето, тргнаа да бараат нов гол но во 39’ минута при нивна офанзива, Французите се изборија за контра напад и корнер. Нафрлената топка го удри Иван Перишиќ во рака и судијата Питана од Аргентина, по консултација со ВАР снимката покажа на белата точка.
Хрватите протестираа, но Гризман беше ладнокрвен за 2-1 за Франција, резултат со кој се отиде на полувремето:
Во вториот дел со постојани напади по десното крило и спорадични центаршути од левата страна „Ватрените“ се трудеа да израмнат но во 59’ минута Пол Погба по една одбиена топка, со лева пласираше во аголот на Субашиќ за 3-1 и тоа како да беше најава за крајот на сонот на Хрватска:
1 - Paul Pogba has become the first-ever @ManUtd player to score in a @FIFAWorldCup final. Devilish.#WorldCupFinal #WorldCup #FRA #CRO pic.twitter.com/MSdkcfmUQR
— OptaJoe (@OptaJoe) July 15, 2018
Шест минути им требаа на Французите преку неверојатниот Мбапе да удрат печат на финалето. Килијан по еден брз продор распали од 20-ина метри и зголеми на 4-1:
19y 207d - Kylian Mbappé is the 2nd youngest player to score in a @FIFAWorldCup final, after Pelé (17y 249d) in 1958 for Brazil. Anointed.#WorldCupFinal #WorldCup #FRA #CRO pic.twitter.com/RAX9fOPWL0
— OptaJoe (@OptaJoe) July 15, 2018
546 - Olivier Giroud didn't attempt a single shot on target in 546 minutes at this World Cup for France. Nonplussed.#WorldCupFinal #WorldCup #FRA #CRO pic.twitter.com/PBVR7Ifysr
— OptaJoe (@OptaJoe) July 15, 2018
На 20 минути пред крајот, од една делумно мирна ситуација, Умтити му ја врати топката на Лорис кој наивно се обиде да го дрибне Манџукиќ но овој ја одби и топката влезе во гол за 4-2:
5 – Mario Mandzukic has become just the 5th player to score in both World Cup and European Cup/Champions League finals, after Ferenc Puskas, Zoltan Czibor, Gerd Muller & Zinedine Zidane. Platform.#WorldCupFinal #WorldCup #FRA #CRO pic.twitter.com/jc7TNR7YRG
— OptaJoe (@OptaJoe) July 15, 2018
До крајот Французите успеаа да ја задржат топката, да го сочуваат водството и да ја прослават третата титула светски шампион!
Дидие Дешам, нивниот селектор стана трер селектор на светот кој го освоил Мундијалот и како играч и како предводник од клупата, по Марио Загало и Франц Бекенбауер:
3 - Didier Deschamps has become the third person to win the World Cup as a player and as manager after Mario Zagallo and Franz Beckenbauer. Champion.#WorldCupFinal #WorldCup #FRA #CRO pic.twitter.com/H3zrhkx9rO
— OptaJoe (@OptaJoe) July 15, 2018
#FRA players just stormed the press conference chanting Didier Deschamps’ name. Raucous. pic.twitter.com/EmVEjDWNct
— Joe Crann (@YesWeCrann) July 15, 2018