Како Шукер го опиша Манџукиќ

Првиот е херој на Хрватска од СП Франција 1998, а вториот херој на СП 2018. За борбеноста на Марио Манџукиќ на ова Светско, првиот човек на хрватскиот сојуз ги има најточните зборови.

Со вкупно 6 голови, Давор Шукер беше стрелец број 1 на Мундијалот во Франција, пред еден Роналдо кој беше прогласен на најдобар играч на првенството и Мајкл Овен за најдобар најмлад фудбалер.
 
Претседателот на фудбалскиот хрватски сојуз за својот наследник вели вака:
„Марио има муда како бик на улиците во Андалузија“.
Според тоа каков коментар даде за натпреварот со Англија, Шукер и како гледач е исцрпен после овие три рововски битки на Хрватска кои траеа по 120 минути.
„Ние бевме подобри од нив и заслуживме да поминеме. Мислев дека никогаш нема да се повтори успехот од 1998-ма, но...Уморен сум, возбуден, мртов, жив, веќе не можам ни да се опишам како се чувствувам“.
За Лука Модриќ?
„Мора да ја добие наградата за најдобар играч на Светското првенство“.
Со Франција?
„Ќе биде тешко, шансите се 50-50“.
13 јули 2018 - 10:04