Во спектакуларното финале пред 78.000 гледачи на легендарниот „Лужники“ видовме шест гола, автогол, ВАР технологија, неколку спорни моменти и одличен фудбал.
На крајот, по 90 и кусур минути игра „Галските петли“ во своето второ финале по 1998-ма, по вторпат станаа светски прваци.
Од друга страна, Хрватска застана на чекор од остварување на неверојатниот сон, но успеа да направи најголем успех во својата историја. Ако во 1998 беа трети, овојпат се втори на свет што е нестварен успех за „коцкестите“ кои прикажаа најубав фудбал на целиот Мундијал.
ФИНАЛЕ НА СВЕТСКО 2018:
ФРАНЦИЈА - ХРВАТСКА 4:2 (2:1)
/Манџукиќ (а.г.) 18‘, Гризман (пен.) 39’, Погба 59, Мбапе 65’ - Перишиќ 28’, Манџукиќ 69’/
Иако Хрватите одлично влегоа во мечот и од стартот имаа контрола на топката, создадоа неколку добри прилики, Французите како речиси на секој меч на ова Светско чекаа своја шанса и по 18’ минути игра ја дочекаа.
Од еден слободен удар од косо Гризман центрираше а Манџукиќ во обид да ја избие во корнер си даде автогол за големо славје на Французите:
Но Хрватска не падна по примениот гол и брзо се врати во игра. Десет минути по студениот туш, Иван Перишиќ во противничкиот шеснаесетник прво се ослободи од својот чувар, а потоа распали со лева за 1-1: