Фудбал

Пожртвуваност на Калараш во стилот на Родман

Вардарци го совладаа Елверум со 35:32, а голот за издвојување е првиот во режија на Калараш - Чупиќ - Георгиевски. Првиов се фрли по топка како да бркаат гол за победа, а мечот само што почна.

Страшен гол на Деле Али во Лига Европа

Тотенхем вечерва го одигра реваншот од Лига Европа со австриски Волфсбергер и победи 4-0. Со вкупни 8-1 Спарс одат понатаму. Резултатот го отвори Дели Али со еврогол! А мајсторија имаше и  Герет Бејл за 3-1.

Ве поздрави Хуан Себастијан Верон

Лацио синоќа играше осминафинале против европскиот првак Баерн кој го загуби убедливо, а меч од нокаут фаза во ЛШ претходно Бјанкочелестите немаа играно од златните времиња со Крањоти. Налетавме на еден проектил кога во четвртфинале се сретнаа со Валенсија.

Риплај на денот

За поразот од Вележ (9:2) играчите на Динамо се вадат дека вечерта пред утакмица биле во кафана. На тоа им одговара легендарниот Блаж Слишковиќ: Да де, оти па ние во театар бевме.

Саша Ќириќ раскажува како го совладал Кан за јубилеен гол број 1000 на Нирнберг

Ниту еден друг наш фудбалер немал таква чест кога ќе излезе на стадион да си го прочита името и да го види знамето на Македонија на цела трибина. И тоа пазете во Бундеслига. Во негова чест навивачите снимија и песна и му се заблагодарија за головите на македонски.

Зизу по хаос го памети последното гостување во Бергамо

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва гостуваат кај Аталанта во првиот меч од 1/8 финалето на Лига на шампиони. Тренерот на „кралскиот клуб“ пред 23 години од клупата за резерви тогаш како играч на Јуве гледаше хаос на трибините.

Ремек делото на Жунињо во ЛШ против Барса

Годината е 2009-та, на жив ѕид се застанати Ето и Меси, а на гол Виктор Валдес. Сè е тука залудно, бидејќи го имаш докторот за слободни удари кој едноставно те шокира и буни што од таму ја кова, а не нафрлува. Не се повторува вакво нешто.

Суарез, пак ли бе?

Таман го испофаливме за феноменалниот старт во Атлетико Мадрид со 16 голови на 17 средби, каков што немал ни Роналдо и ете го пак се враќа на неговите стари бламажи. Челси синоќа го доби Атлетико на гости во ЛШ, а Суарез се истакна со два нови неспортски потези.

Двометрашот на Баерн кој дрибла ко Дани Алвес

Добро не е баш двометраш, ама е висок метро и 95, висина тотално несоодветна за понекогаш да се наоѓа на десна бековска позиција. Никлас Зиле во Баерн Минхен е од август 2017 и до денес освои еден куп трофеи со Баварците. Игра одвреме-навреме, не е стандарден, а синоќа против Лацио во Лига на шампиони направи и пар дриблинзи.

Клизач за учебници

Саутемптон на почетокот на сезоната кратко време беше и на самиот врв на Премиер лигата, го победија и Ливерпул, ама сега се во криза со осум меча без победа. Вечерва Лидс ги победи 3:0 (Алиоски влезе во 59' минута), ама Ориол Ромеу, некогашното дете на Барселона кој играше и за Челси, направи чудесен клизач после спринт од 50 метри.

Баерн го размонтира Лацио, Жиру со чудесен гол го урна Атлетико

Како на лесен тренинг, европскиот шампион се прошета по „Олимпико“ во Рим и си поигра со шестопласираниот тим во Серија А. Во Букурешт, каде Атлетико Мадрид беше условен домаќин против Челси, францускиот репрезентативец го реши мечот со спектакуларни ножички.

Златан за дербито доби лузерски трофеј

Се вика „Златен тапир“, а овој пат го доби Ибрахимовиќ за слабото издание против Интер кое го загубија 3:0. И покрај тоа што се работи за најнепосакувано признание, сепак Ибра го прими од емисијата „Striscia La Notizia“ и ги прифати шегите на водителот.

Продавал печурки, играл фудбал по балони, а сега командува со одбраната на Атлетико

„Да не беа другар ми Бруно на времето и татко му Итаир, тешко дека денес ќе бев на местото на кое сум, во Лига на шампиони со Атлетико Мадрид“, раскажува бразилскиот стопер Фелипе.

Трејлер за документарецот за Јувентус на Амазон

Италијанскиот шампион Јувентус соопшти дека наскоро гледачите ќе можат да го гледаат ексклузивниот серијал насловен “All or Nothing” кој го снима Амазон. Од близу со фудбалерите и внатре во клубот на дневна база, со интересни интриги и занимливости, по примерот на Тотенхем кој снимаше со Амазон.

Интересни имиња кои ретко кој памти дека играле во Аталанта

Клубот од Бергамо во последните пар сезони е најпријатно изненадување за цела фудбалска Европа, зошто со млади, талентирани фудбалери како од шега дава по 4,5 гола на секој втор натпревар и во Лига на шампиони е фаворит против гиганти како Реал Мадрид или ПСЖ. А за клубот на времето играа и познати имиња.

Преварантот кој лажел дека игра за ПСЖ и крадел статистика од Ањелка

Има една епска приказна од 90-те за Сенегалецот Али Диа кој ја измами Премиер лигата дека е фудбалер. Оваа е слична, ама барем овој е фудбалер од аматерски категории кој се обидел да се збогати, но клизнал во Бугарија.

И пеналите не се веќе тоа што беа

Прво зема залет од дома, па подзастанува, па подскокнува како кенгур и на крај ја шутира во него. Бадијала целото пренамагање и изводење.

Школски волеј на вечерта во Премиер

По два порази во низа, Кристал Палас освои 3 огромни бода на гостувањето кај Брајтон и е на 10 поени од опасната зона која води во втора лига. Кристијан Бентеке дури во 90+5' минута им донесе победа со апсолутен, школски волеј.

Го имаме и фудбалскиот лудак на годината

Трета лига во Гватемала. На дечкото уште не му се знае име и презиме, ама можда е и подобро да не му се знае. Ваква будалаштина не се видела. Фрла некој од публика ситен предмет (најверојатно упаљач). Мајсторов ладно доаѓа, се удира со предметот во глава и почнува да глуми дека е погоден од трибината.

Поддржи го ОФК Малеш со полусезонски билет од 300 денари

По теркот на ФК Вардар и во Берово се појави слична акција за помош во овие тешки времиња, со тоа што во случајов самиот клуб ги повика навивачите да помогнат за да им се подобри финансиската состојба.

Навивач во Бразил платил милиони за позајмен играч да игра решавачки меч

На интригите во фудбалското првенство на Бразил би можеле да позавидат многу европски лиги. На 2 кола пред крајот, во борба за титулата се Интернасионал и Фламенго кои играа минатиот викенд.

Полски коментатор пробува да изговори белгиско презиме

Се вика Вилијам, се презива Баликвиша. Значи William Balikwisha. Роден е во Белгија, а има потекло од Конго. Навидум едноставно звучи, но не и за коментаторов кој завергла во место.

Претседателе, кучето ти е на сред терен, прибери го

После 21 одиграно коло во Швајцарија, Цирих е трет со 3 бода зад вториот Базел. Викендов ремизираа со Сион 1-1, а дуелот накратко го прекина домашниот миленик швајцарски овчар на претседателот на Цирих Ансило Канепа, кој морал да се симнува од ложа да го враќа.

Ја префрли преку стадион

Ај да е трета - четврта шкотска лига ќе разбереме некако, ама фудбалер на Селтик вака аматерски да ја заврши сам пред гол? Му го дупна тапанчето на стариот.