Фудбал

Ја префрли преку стадион

Ај да е трета - четврта шкотска лига ќе разбереме некако, ама фудбалер на Селтик вака аматерски да ја заврши сам пред гол? Му го дупна тапанчето на стариот.

Лудачки гол во Белгија со откачена прослава

Запознајте го Јан Ван Дер Бег од Бершот кој викендов славеше на гости против Генк со 1:2. Дечкото го отвори резултатот на многу откачен начин.

Што се случува кога на судија му се игра бек во одбрана?

Во дербито на мексиканската лига, Круз Азул со 3-2 ја победи Толука, ама овој меч ќе се памти по моментот кога судијата Оскар Марсијас се испрчи пред фудбалер на Круз Азул кој шутираше во празен гол.

Неарните паради на Самир Хандановиќ, топ не го биеше

Лаутаро Гонзалес даде два гола и можеби беше најблиску да признанието играч на мечот против Милан (0:3), ама дефинитивно најзаслужен за триумфот на Интер беше голманот Хандановиќ кој буквално ко магнет да имаше на ракавици.

Акцијата на тацна за вториот гол на Интер во дербито

Фудбалерите на Интер со 0-3 го совладаа Милан и сега имаат 4 бода предност на 1. место во Серија А пред градскиот ривал. Лаутаро 2 и Лукаку 1 беа стрелци на головите. Аргентинецот зголеми на 2-0 откако на тацна му наместија гол по сјајна акција.

Знае ли Халанд за нормален гол?

Само три дена откако сам ја реши Севиља на гости во Лига на шампиони, Ерлинг Халанд денес беше главен творец на триумфот на Дортмунд над давеникот Шалке со 0-4. Норвежанецот постигна фантастичен гол.

Фудбал се игра со мозок, не на сила

Не е финта да промашиш топка. Не е финта да промашиш човек. Финта е да ги промашиш и двете.

Тројца се караат, Бруно користи

Манчестер Јунајтед до врв му ја наполни мрежата на Реал Сосиедад. Во Шпанија синоќа англискиот претставник победи 0-4 на првиот меч од 1/16 финале на Лига Европа. Два гола даде Бруно Фернандеш. Првиот беше после глупа реакција на домашните дефанзвици. Ова е осми гол за Бруно во еврокуповите откако е во Јунајтед.

Стоперот на Динамо Загреб Јошко Гвардиол кој го викаат Пеп

Динамо Загреб веќе неколку сезони е многу сериозен и стабилен европски клуб. Хегемонот во хрватскиот фудбал синоќа со 2:3 на гости го победи руски Краснодар во Лига Европа. Стефан Ристовски го одигра целиот меч.

Бејл го прати чуварот по вафли

Фудбалерите на Тотенхем ја завршија работата во нокаут фазата уште на првиот меч против Волфсбергер кој го декласираа со 1:4. Го издвојуваме потегот на Герет Бејл кој одигра еден на еден како во најдобрите денови. Кутрион велат дека уште клиза.

Мајсторот кој ќе им се фали на внуците дека давал голови против Ливерпул и Милан

Милан Павков е роден под среќна ѕвезда. Човекот веќе неколку години постојано е резервна варијанта во Црвена звезда. Ретко игра. Имал богати понуди од Кина, ама решил да остане на Маракана, макар седел и на клупа за резерви. Ќе остане запаметен како еден од ретките кој дал голови против 7-кратниот европски првак Милан и 6-кратниот европски првак Ливерпул.

Не е можно да си до толку глуп

Португалскиот фудбал му го нуди на светот кандидатот број 1 за автогол на месецот, деценијата и векот. Никој не може да биде по кутар од овој, освен ако мора да ја мести. Па уште им подари бод во 93-та минута.

Морон го вреѓаше Ибрахимовиќ во Белград

И покрај тоа што Златан Ибрахимовиќ отсекогаш имал симпатии за Балканот и има многу пријатели меѓу спортистите од регионов (во 2014-та со Ѓоковиќ донираше и парични средства за поплавениот град Обреновац), на Маракана во Белград за време на мечот меѓу Црвена Звезда и Милан (2:2) некој идиот најде за сходно да го вреѓа големиот Ибра.

Агенција за млади и спорт го избра Горан Пандев за спортист на годината

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација заслужено ја понесе наградата спортист на годината во Македонија на синоќешната церемонија организирана од АМС.

Сцена на вечерта во Лига Европа: Пица за достава на сред терен

Норвешки Молде и германски Хофенхајм синоќа во Виљареал (поради строги мерки во Германија со задолжителен карантин мечот се пренасочи во Шпанија), одиграа фантастичен дуел со дури 6 гола (3:3). Во еден момент некој и нарачал достава на пица, а дечкото што ја донел нарачката беше збунет.

Храбра игра на Вардар, Пик Сегед до минимална победа

Ракометарите на Вардар го претрпеа и шестиот пораз во Лига на шампиони, откако вечерва минимално загубија 34-33 на гостувањето кај Пик Сегед во Унгарија.

Голмански циркуз за урнебес на колото

Трета шпанска лига. Калво Сотело против Ла Рода (2:0). Голманот на гостите сигурно не би знаел да каже што се случи, а ни другите присутни.

Карантинот на Рубин Казан во хотелски ходник

Тренинзи, карантин, натпревар, тренинзи, карантин, натпревар. И така секој недела, секој викенд и секој месец сем на лето кога имаат пауза. Плус изминатава година со појачан Ковид карантин. Епа им дојде преку дур више.

Судијата кој заборави дека е судија, се внесе со глава, па го чека казна

Арибтарот Дарен Дриздејл се најде пред дисциплинскиот комитет на Фудбалската асоцијација на Англија за непримерно однесување со еден фудбалер.

Најубавиот случаен гол на вечерта

Болтон губеше 2-0 до 80' минута а до крајот од мечот успеа да направи тотален пресврт кај Мансфилд на гости и да слави со 2-3. Иницијатор на пресвртот беше Деклан Џон со чуден погодок.

Незаборавното гостување на Милан кои два дена по ред играа против Звезда во ЛШ

Во контекст на вечерашното нивно соочување, ќе ви раскажеме еден дуел кој се одигра пред 100.000 луѓе на Маракана. Магла, пенали, поништен гол, црвен картон, преигрување, судијата виден со женска и луѓе од Звезда, сага за Гулит, страв за Донадони. Епска сторија.

Ѕвездата на Милан кој им покрил долгови на луѓето од својот роден крај

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ е јунак на годината во својата земја, откако прво ги подмирил сите долгови на мештаните од неговото родно село, а сега донирал 10.000 евра за изградба на нов објект за рехабилитација на деца.

Каде се вакцинираше Чиро Блажевиќ?

Србите го имаа Вујадин Бошков, ние го имаме Андон Дончевски, а Хрватите Чиро Блажевиќ. Зборуваме за стари тренерски легенди кои не би ги споредувале. 86 години има Чиро и последно Задар го тренираше пред шест години. Уште е таков пред камери, како што го знаете.

Шчесни го спречи голот на сезоната во ЛШ

На водство од 2:0, Порто синоќа за малку не постигна и трет гол кој ќе беше леле мајко. Мексиканецот Хезус кој инаку се презива Корона ќе беше јунак број 1, бидејќи не се сеќаваме некој да извел вакво нешто против италијанскиот шампион. Сè сам направи царот.