Годинава на Фајнал Форот на „Лукас Оил“ стадионот во Индијана (капацитет 70.000 гледачи) играа 4 тима: Гонзага, Бејлор, УКЛА и Хјустон.
Триумфи во полуфиналето остварија Гонзага и Бејлор а начинот на кој кошаркарите на Гонзага стигнаа до трофејот ќе се прераскажува уште долго.
Во последните пар секунди УКЛА постигна кош за израмнување 90-90, за да во последен момент Џејлен Сагс буквално од пола терен погоди тројка за триумф 93:90 и пласман во големото финале на НЦАА лигата.
Противник ќе им биде Бејлор кој убедливо го совлада Хјустон 78:59.