Вечен Гоги, гол и ѕвездена прашина

Го отвараш веб сајтот на Џенова и на насловна на огромна фотографија гледаш двајца Македонци, амбасадори на нашиот спорт кои ладнокрвно ги пробија панцирите. Па има ли поубаво? Веќе и самиот клуб не знае како да го испофали и величи како што велат, вечниот Гоги.

„Бесконечно“, нели Џино Паоли? Гласи неговата песна. Но кој е тој фудбалски гуру, шампион во техниката и хуманоста? Е да. Тоа е тој симпатичниот што ја обиколува Европа, магионичар што постигнува голови, прави достигнувања, гази во квалификации?

Граѓанин на светот. Симбол на Македонија. Амбасадор на Џенова клубот и Џенова градот: („Можеби ќе останам таму да живеам...“). Вечниот Гоги. Горан Пандев. “Ако се пензионира, ќе го натепам“. Зборови и музика на чичко Балардини.

На еден од двата гола (Рекордер со 37 на 117 меча за репрезентација), стои потписот на Гоги. Убаво со лева ги нокаутираше (2:1) германските панцири во нивни ринг во Дуисбург во квалификации за Светско првенство.

Пасошот за Европско Гоги (98 гола во Серија А и шеста сезона во Џенова) веќе го има в џеб. На 37 години кои му ѕвонат, благодарение на звукот на неговите голови. И сега повторно Џенова е Џенова. Зрак на фенер кој гледа во светот и оди во светот.

Виа

1 април 2021 - 15:42