Македонскиот фудбал со Словенија го врзуваат убави нешта. Првиот историски настап на репрезентацијата беше пред 28 години во Крањ кога славевме убедливо 1-4. И низ годините имаме одличен учинок со „змајчеки“.
Само што освои Лига на шампиони со Челси, Оливие Жиру сега го чека настап со Франција на Евро2020 и трансфер во нов клуб (се споменува Милан). А он и натаму дава луди акробатски голови и на тренинг.
За 13 јуни е закажана Копа Америка, најголемиот турнир на континентот Јужна Америка, пандан на Европско првенство, но за разлика од Стариот континент, таму е тотален хаос со организацијата.
На точно 10 дена до почетокот на она што цела Европа го очекува, фудбалското Европско првенство, УЕФА одбројувањето го отслика со дресот на нашиот капитен Горан Пандев. И тоа со дресот кој јавноста сака да го гледа на ЕВРО2020.
И покрај обидот на Фудбалска федерација на Македонија да се стиши бурата со новите дресови, од компанијата која ги произведе дресовите велат дека во ФФМ добиле тоа што побарале.
Од 11. јуни до 11 јули ширум Европа ќе се одржи празник на фудбалот. Како што секогаш бива, така и сега големото натпреварување ќе го пропуштат и некои големи ѕвезди.
Капитенот и наш најдобар фудбалер, Горан Пандев на 27 јули годинава ќе наполни 38 години. Месец дена претходно како четврт најстар играч ќе настапи на елитниот турнир. Пред него повозрасни се еден Холанѓанец, Шкотланѓанец и Португалец.
Добро, поранешен германски фудбалер, супер ѕвездата Михаел Балак кој сега работи како стручен коментатор. Го однеле во фин бар, рај за машки очи, а он гледа финале на Лига на шампиони Манчестер Сити - Челси.
Во опсежно интервју за реномираниот португалски медиум Record, првиот човек на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин изјавил дека во ситуација кога ја нема неговата земја на Евро2020, неговите симпатии одат за Македонија.
Германецот Томас Тухел седна на клупата на Челси пред четири месеци. Од пропаднатиот скапоцен тим кој дремеше на 10. место во Премиер лига, направи екипиште и ја освои Лигата на шампиони, само 10 месеци откако играше финале со ПСЖ во Лисабон.
Искусниот шпански арбитар беспрекорно си ја изврши задачата во финалето на Лига на шампиони меѓу Манчестер Сити и Челси. Во еден момент џентлменски му подаде рака на Рудигер па културно му покажа жолт картон за грубиот прекршок над Де Брујне.
Пред 14.100 гледачи (официјално од УЕФА) на велелепниот „Драгао“ во Порто, Челси со маестрална тактика поставена од Томас Тухел, заслужено по втор пат во историјата ја освои титулата во Лига на шампиони. Првпат после 2012-та година и десантот во Минхен на Дрогба.
Очекувано или не, новиот дрес на Македонија во бордо боја ја разгневи јавноста до таа мера што се отвори петиција за враќање на довчерашните дресови кои му се мили и на капитенот Пандев и која веќе ја потпишале скоро 12.000 луѓе.
Јавноста никако не може да се помири со новата гарнитура дресови меѓу кои во прв план е првата варијанта со бордо боја. Индиректна порака прати и капитенот на репрезентацијата.
Фудбалската федерација на Македонија попладнево ги промовираше дресовите кои нашите најдобри фудбалери ќе ги облечат на претстојниот континентален шампионат.
Емотивен видео расказ на Види Вака кој ги опфаќа почетоците на селекторот Ангеловски па сè до врвот кој го искачи заедно со фудбалерите. Фина приказна за Мрме и момците.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски при посетата на Рим и Ватикан, на папата Франциск кој е голем љубител на фудбалот и осведочен навивач на аргентински Сан Лоренцо, му го подари дресот со кој Македонија ќе игра на Европско првенство за 15-ина дена.
Во сезоната 2020/2021 која штотуку заврши, Интер ги имаше најдобрите резултати во последните 11 години. Првпат после 2010-та го освоија скудетото и навивачите беа пресреќни.
Манчестер Јунајтед и Виљареал одиграа сјаен меч кој го круниса пенал серија со дури 22 изведени пенали откако после 120 минути фудбал резултатот беше 1:1.
Фудбалерите на Виљареал го освоија вредниот трофеј на Лига Европа, откако вечерва на пенали го совладаа Манчестер Јунајтед. Пенал серијата траеше бескрајно, се изведоа дури 22 пенали. Унаи Емери по четврти пат го крева овој пехар и влезе во вечноста.
Во нашиот регион јавноста со неверица ја прифати веста дека од првата македонска лига испаѓа фудбалскиот клуб Вардар, доскорешен учесник во елитната Лига Европа кој сега ќе мора да игра по македонските села за да си ја врати честа. Нешто слично го задеси и Вердер Бремен кој беше шампион на Германија.
Се случувало топката да отиде кај комшија кој пред неколку дена ви свикал дека следен пат со нож ќе ја распара ако му стигне во негов посед пошто му сметала галама. Ама позезнато е ова низ што проаѓаат овие дечки на видеово. Оди па биди храбар да те видам ко ќе се залета Рекс од таму лут ко стрела.