Компанијата „Јако“ одговара: „ФФМ сама нарача бордо дресови“

И покрај обидот на Фудбалска федерација на Македонија да се стиши бурата со новите дресови, од компанијата која ги произведе дресовите велат дека во ФФМ добиле тоа што побарале.

Неколку дена по промоцијата на дресовите и реакциите кои ги предизвика бордо бојата на првата варијанта, претседателот на ФФМ Сејдини изјави дека вината лежи во производителот.

А луѓето од германската компанија JAKO (Македонија е единствена репрезентација на Евро2020 чии дресови ги направи оваа фирма) велат дека не е до нив.

Во разговор со Спорт1.мк човекот задолжен за односи со јавност на JAKO, рекол:

„Луѓето од ФФМ нѐ известија во текот на вчерашниот ден дека не сакаат вашиот национален тим да игра на ЕВРО 2021 во новите дресови со Балканскиот рис. ЈАКО воопшто не го очекуваше ова. Според ФФМ, главна причина за револтот во јавноста е бојата на дресовите. Во моментот кога Македонија се пласира на ЕП, од ФФМ од нас побараа дрес со специфичен дизајн со Балканскиот рис и тоа во – бордо боја. Ние го произведовме дресот точно како што од нас беше побарано и го презентиравме на 28 мај“.

 

Капитенот Горан Пандев на својот Инстаграм профил ги објави дресовите кои му се најдраги:

1 јуни 2021 - 11:21