Двата блесоци на Елмас против Словенија - нека биде така и вечерва

Македонскиот фудбал со Словенија го врзуваат убави нешта. Првиот историски настап на репрезентацијата беше пред 28 години во Крањ кога славевме убедливо 1-4. И низ годините имаме одличен учинок со „змајчеки“.

Македонија влегува во последната фаза од подготовките за големото Европско првенство на кое ќе играме за првпат.

Вечерва од 18:00 часот спаринг партнер ќе ни биде Словенија која во Скопје допатува со своите најголеми ѕвезди, крунисаниот шампион на Шпанија Јан Облак и Јосип Иличиќ од Аталанта.

Црвено-жолтите против Словенците играле 5 пати досега. Имаме 3 победи, 1 реми и 1 пораз. Изгубивме само во Копер во 2016-та година.

10.10.2019 Македонија - Словенија 2-1 (квалификации за ЕП)
24.03.2019 Словенија - Македонија 1-1 (квалификации за ЕП)
23.03.2016 Словенија - Македонија 1-0 (пријателска)
14.11.2012 Македонија - Словенија 3-2 (пријателска)
13.10.1993 Словенија - Македонија 1-4 (пријателска)

Последен пат со земјата со која некогаш бевме во иста држава, игравме во септември 2019-та кога пред речиси полн стадион во квалификации за Европско првенство славевме 2-0.

Два прекрасни гола по маестрални акции постигна Елиф Елмас и тоа по ладнокрвни реакции против еден од најдобрите светски голмани Јан Облак од Атлетико Мадрид. Од тој триумф до денес, Македонија 2 години нема пораз на домашен терен ниту во квалификации за ЕП ниту во Лига на нации.

Foto: Reuters

1 јуни 2021 - 15:09