На отворање на новото Светско клупско првенство кое ќе се игра во формат како Лига на шампиони до скоро, со 32 клуба, 8 групи, нокаут фаза до финале, играа Интер Мајами и египетски Ал Ахли. Мечот заврши 0-0 најмногу благодарение на голманот на тимот од МЛС Оскар Устари кој имаше неколку неверојатни одбрани, а фати и пенал изведен од 38-годишниот Трезеге.