И како после да не се измислуваат вицови за плавуши? Како што кажува и самиот коментатор, плавушите секогаш последни сфаќаат, а на оваа дури и требаше и помош од пријателката.
Поранешниот младински репрезентативец на Шпанија, а моментално член на австриски Салцбург, Џонатан Соријано на натпреварот против Рапид Виена го изведе еден од најлошите пенали на сите времиња. Ова е сериозна конкуренција на пеналот на Рамос.
По структурните промени во раководството на Фудбалската федерација на Македонија, следат кадровски промени и во сениорската репрезентација. Велшанецот Џон Тошак си заминува од селекторската функција по 370 денови.
Пријателскиот натпревар помеѓу Фортуна Дизелдорф и Бенфика беше прекинат по само 43 минути игра откако главниот судија беше нокаутиран од страна на Луизао, искусниот фудбалер кој зад себе има настапи на две Светски првенства со репрезентацијата на Бразил.
Репрезентативците на Бразил веќе се подготвуваа за прослава на првиот олимписки златен медал, но Мексиканците приредија огромна сензација и станаа олимписки шампиони совладувајќи го најголемиот фаворит со 2:1.
Екипата на Јувентус е освојувач на италијанскиот Суперкуп откако го совлада Наполи со 4:2. Покрај името на Горан Пандев останаа запишани по еден гол, асистенција и црвен картон.
Јувентус останува без тренер. Антонио Конте заработи суспензија од 10 месеци заради вмешаност во местење на натпревари. Бонучи и Пепе се ослободени од обвиненијата.
Навидум обичен пријателски натпревар помеѓу Евертон и АЕК, се претвори во вистински спектакл. Беа постигнати пет голови, но последниот гол ги натера навививачите да направат инвазија на теренот. Тоа беше првиот гол на клупската легенда Тони Хиберт.
Добро е, мрднавме едно место на ФИФА ранг листата. На најновото августовско издание на рангирањето на ФИФА, фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 102-та позиција.
Фудбалската репрезентација на Бразил во финалето против Мексико на фудбалскиот турнир на Олимпијадата во Лондон ќе има шанси да го освои првото олимписко злато во историјата на својата земја.
Нема многу активни фудбалски првенства низ Европа, но и таму каде што се игра паѓаат многу добри голови. Таков беше голот на Ласе Рисе на натпревар од данскиот шампионат помеѓу Рандерс и Архус.
По 10-годишно владеење со најбогатата спортска федерација во Македонија, Харалампи Хаџи-Ристески си поднесе оставка, а на претседателската фотелја ќе го наследи Илчо Ѓорѓиоски.
Репрезентацијата на Јапонија го приреди најголемото изненадување со победата над Шпанија, а Бразилците со прикажаното во првиот дел и победата над Египет го потврдија статусот на фаворити на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Лондон.
Швајцарецот Адмир Мехмеди кој е роден во Гостивар се „прослави“ со неверојатно промашување на натпреварот против Габон на Олимписките игри во Лондон. Не дека ќе се прославеше ако не утнеше затоа што беше во офсајд и голот ќе му беше поништен, ама сепак не смееше ова да си го дозволи.
Во клупскиот фудбал е невозможно да се влезе во највисоките нивоа без пари. Од една страна поради самиот квалитет на играчите, но од друга страна и поради UEFA.
Цената на билетите изнесуваше само 100 денари, за народ да се радува и за стадионот да се наполни. Но, некој се радувал и се полнел и на поинаков начин.
Заврши кратката одисеја на Вардар во Европа. Македонскиот шампион одигра без голови со Бате Борисов и по осум години остана без победа во европско натпреварување.
Фудбалските натпревари на Олимписките игри ќе започнат уште пред официјалниот почеток. Сите 16 екипи ќе одиграат по еден натпревар уште во четврток, а ова се фудбалерите кои се очекува да добијат најмногу аплаузи.
Еден од најнадежните норвешки фудбалери, Маркус Педерсен од Валеренга, реши да го прослави голот со симулирање на орален секс и извикувајќи „педери" кон навивачите на Стабаек.
Светската финансиска криза најверојатно го зафати и фудбалот. ФИФА соопшти дека бројот на трансферите во првите шест месеци во оваа година споредено со минатата опаднале за 9%, а клубовите потрошиле дури 34% помалку пари.