Писменце за фудбалов

Во клупскиот фудбал е невозможно да се влезе во највисоките нивоа без пари. Од една страна поради самиот квалитет на играчите, но од друга страна и поради UEFA.

Да пресечам уште веднаш, за да не бидам погрешно сфатен, Вардар не заслужи да оди понатаму. Ни фали не уште малку, туку уште многу за да стигнеме до ЛШ. Едноставно е, Бате доминираше, рутинирано си одиграа момците... Подобар тим се де.

Има една друга работа што ме загрижува, нешто што го следам веќе подолго време и станува составен дел од фудбалот кој го гледаме.
Видете, текмите не ги местат некои кладилници или слично. Текмите ги мести UEFA. Вчера, делегираниот судија за натпреварот, во најмала рака тенденциозно судеше за Бате, скоро во секој прекршок... Да, делегиран судија директно од UEFA! Точно е дека немаше некои поголеми грешки, но добри судии помагаат токму при ситни прекинувања на играта, непочитување предност кога ќе треба (за Вардар), судење непостоечки ситни фаули и сл. И не грешете душа, вчера судеше добар судија... Ама судеше како што сака тој што го делегирал... Многу сум сигурен дека ако требаше, ќе превидеше и некој крупен прекршок (или немаше да го досуди). Среќа, не дојде до тоа.

И сето тоа е логично - не може да помине тим што вложил 500 илјади евра, наместо тим што вложил преку 10 милиони евра. Едноставно, невозможно е! Погледнете ги сите учесници во ЛШ во минативе 20 години и нема ниту еден залутан тим... Ниту Апоел, ниту Бате... Тоа се тимови што вложиле пари, вложиле милиони... Затоа и ќе заработат од учеството... Многу логично нели?

Така да, добри или не, далеку сме од таа ЛШ. Можеби кога се во прашање националните тимови не е така, ама во клупскиот фудбал е невозможно да се влезе во највисоките нивоа без пари. Од една страна поради самиот квалитет на играчите, но од друга страна и поради UEFA.

А како на човек што не сака да верува во теории на заговор, песната што ја пејат Комитите „UEFA мафија", прво ми звучеше, па, онака балкански, македонски, као сите други ни се криви... Ме разбирате, нели? Ама, испаѓа дека нема ништо балканско во тоа. За жал!

Иво Гиевски

26 јули 2012 - 16:29