По серијата слаби резултати на екипата на Челси, а посебно по вчерашниот пораз од Јувентус по кој актуелниот шампион во Лигата на шампиони се најде на прагот на елиминација, раководството на клубот реши да му врачи отказ на Роберто Ди Матео.
Актуелниот шампион е пред елиминација откако во претпоследното коло загуби на гостувањето кај Јувентус. Меси постигна уште два гола и се доближи на само пет погодоци до рекордот на Милер, Манчестер Јунајтед не го преживеа пеколот во Истанбул, а Валенсија и Баерн Минхен одиграа нерешено.
Енцо Фернандез има 17 години и е најстар од четирите синови на Зинедин Зидан. Тој игра за младинците на Реал Мадрид и со гол на натпревар против Атлетико Мадрид докажа дека има потенцијал да биде наследник на неговиот татко.
Познатиот шпански весник Marca на својата вебстрана направи анкета на која над 66.000 посетители гласаа во изборот за најдобри ножички во историјата на фудбалот.
Вечерва Манчестер Јунајтед и гостува на екипата на Галатасарај на Али Семи Јен стадионот во Истанбул, на местото каде Англичаните во 1993-та година поминаа низ пекол и беа елиминирани од ова натпреварување.
Легендата на хрватскиот фудбал, Ќиро Блажевиќ го презеде кормилот на прволигашот Загреб и на 77 години се уште знае да ја забавува јавноста со своите уникатни тренинзи.
Минатата недела ја прославивме победата над Словенија и сите медиуми (вклучувајќи не и нас) ги одбележаа јубилејната 50-та победа и 200-от гол во историјата на фудбалската репрезентација. И сите згрешивме.
Англиската телевизија БиБиСи секоја година го избира најубавиот гол на сезоната во англискиот фудбал. Првото издание беше во далечната 1970/71, а тоа признание без конкуренција му припадна на Ерни Хант од Ковентри за голот постигнат на натпреварот против Евертон.
Се сеќавате ли на поранешниот двократен романски вице-шампион Политехника од Темишвар? Заради административни проблеми Политехника престана да постои минатата година, но навивачите си оформија свој клуб во 5-та романска лига.
Ако било кој друг фудбалер од останатите европски лиги на еден натпревар даде два гола и направи една асистенција, тоа ќе се смета за извонредно достигнување и фудбалерот веднаш ќе се најде на сите насловни страни. За Лионел Меси тоа е секојдневие.
Манчестер Јунајтед објави дека во неделата почина Кени Морганс, член на славната генерација на „Бебињата на Базби" и еден од преживеаните од авионската несреќа во 1958-та година во која загинаа осум фудбалери и тројца членови на стручниот штаб на клубот.
На 70% од натпреварите одиграни оваа сезона во англиската Премиер лига, победник на крајот е екипата која прва дала гол. Но ова правило не важи за двете екипи од Манчестер (посебно Јунајтед) и Евертон.
Технологијата до толку го напаѓа фудбалот што во иднина наместо жолти и црвени картони, судиите ќе мафтаат со Ајфон. Не, ова не е шега, ниту луда идеја. Судиската апликација за смартфон веќе беше употребена на финалето од мексиканскиот футсал куп.
Уште една неверојатна снимка од Јужна Америка. Овој пат од аргентинската 4-та лига. Резервен фудбалер од домашната екипа по инстинкт влезе на терен и го спаси голот. Судијата немаше друг избор и покажа само индиректен удар.
Златан Ибрахимовиќ ги постигна сите четири голови при победата од 4:2 над Англија, а последниот гол можеби ќе влезе во историјата на фудбалот како најдобриот гол на сите времиња. Но како успева огромниот Швеѓанец да биде толку подвижен?
Се сеќавате ли на позната прослава на голот на Бразилецот Бебето на Светското првенство во 1994-та година? Бебето на Бебето за кого беше посветен тој гол ги следи стапките на татко му и игра за репрезентацијата на Бразил.
Бразил и Колумбија одиграа 1:1, а во 81-та минута Нејмар имаше шанса да го постигне победничкиот гол за неговата репрезентација, но ударот од белата точка го изведе и полошо од Рамос.
Шведска ја совлада Англија со 4:2, а стрелец на сите четири гола за домаќините беше Златан Ибрахимовиќ, но последниот негов гол беше неверојатен погодок со ножички од преку 30 метри.
Фудбалската репрезентација на Македонија и без осум стандардни фудбалери триумфираше над Словенија со 3:2 и ја прослави јубилејната 50-та победа и 200-от гол во историјата.
Кога седите пред ТВ и гледате репетиции од 10 агли веднаш знаете да го опцуете судијата за грешка при спорна офсајд ситуација, но ајде ставете се малку во кожата на помошникот и пробајте во иста секунда да донесете правилна одлука. Има или нема офсајд?