Според истражувата на ФИФА во која се анализирани 31 национално првенство од Европа, италијанските клубови најмалку го користат својот подмладок во сениорските тимови, а над 50% од фудбалерите ги увезуваат од странство.
Уругваецот заработи суспензија од 10 натпревари за гризењето на Ивановиќ и не само што за него оваа сезона, многу е веројатно дека за него заврши и престојот во Ливерпул. Тоа ќе биде најреална одлука на раководството на Ливерпул со оглед на се што тој има сторено.
Долго време никој така не ја надиграл и не бил до толку надмоќен против Барселона како што тоа го стори Баерн Минхен на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони со што се потврдија предвидувањата дека Баварците се подготвени повторно да завладеат на европската сцена.
Минатогодишниот освојувач на Лигата на шампиони се враќа во Лондон со предност од првиот натпревар откако во полуфиналето славеше на гостувањето кај Базел со 1:2. Со минимална предност од 1:0 во Португалија ќе патува и Фенербахче.
Поранешниот фудбалер на Милан, Деметрио Албертини кој е потпретседател на Италијанската фудбалска репрезентација предложи кратење на италијанската прва лига од 20 на 18 клубови, со што би се скратиле трошоците, но и првенството би било поинтересно.
Фудбалерот на Сентрал Кордоба, Матијас Молоњи на натпреварот од аргентинскиот куп проти Ол Бојс, го изведе најубавиот дриблинг кој сме го виделе на фудбалските терени оваа година.
Актуелниот европски шампион го очекува тешко гостување против швајцарскиот првак кој нема пораз сезонава во Лигата на Европа. Жешко гостување ќе има и Бенфика против турски Фенербахче кој ќе брка историско финале.
Организаторите на Светското првенство кое ќе се одржи во Бразил во 2014-та година, го претставија официјалниот инструмент на првенството. Не берете гајле, неговиот звук не е толку вознемирувачки како оној на вувузелата.
Минатогодишниот германски шампион го преслуша Реал Мадрид како што одамна никој не го надиграл и направи голем чекор кон финалето на Лигата на шампиони, но денешната фудбалска мапа на Европа можеше да изгледа сосема поинаку ако пред точно 8 години Борусија Дортмунд банкротираше.
Мохамед Касим од младинскиот тим на Ал Итихад издрибла неколку играчи на Ал Наср на натпревар од првенството на Обединетите Арапски Емирати и постигна гол во стилот на Марадона.
Екипата на Борусија Дортмунд го следеше примерот на Баерн Минхен и со четирите гола на фантастичниот Левандовски го декласираше Реал Мадрид со 4:1 на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. На повидок е германско финале.
Луиз Суарез може предвреме да оди на годишен одмор. Фудбалската Асоцијација на Англија најстрого го осуди неспортскиот потег на мечот против Челси и за гризењето на Ивановиќ му одреди висока казна од 10 кола неиграње.
Јавниот обвинител од Кремона, Роберто Ди Мартино кој го води големиот скандал со местење на натпревари „Калчоскомесе" изнесе во јавноста фрапантни бројки за кладењето како голема зараза. Во светски рамки годишно се вложуваат околу 500 милијарди евра.
Што имаат заедничко Робин ван Перси и Рави Висвесвараја Прасад? Ништо друго освен иницијалите и едно корисничко име на Твитер кое збуни илјадници твитерџии.
Грузискиот дефанзивец Акаки Кхубутиа од редовите на рускиот клуб Мордова Саранск имаше некаква замисла за додавање до голманот, но го направи еден од најголемите гафови на фудбалските терени оваа сезона.
Втората шпанско-германска битка во полуфиналето од Лигата на шампионите по втор пат оваа сезона ќе ја видиме помеѓу истите актери. Екипата на Мурињо големото финалето ќе го брка против тимот кој не знае за пораз оваа година во најелитното клупско натпреварување.
Баерн Минхен ја надигра Барселона и сосема заслужено ќе патува на реваншот со голема предност, но сепак останува впечатокот дека судијата Виктор Касаи донесе неколку неправилни одлуки со кои директно делуваше на натпреварот.
Каталонскиот тим предводен од најдобриот играч на планетата Лео Меси беше тотално надигран и немоќен на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. Баерн обезбеди убедлива предност од 4:0 на првиот дуел на „Алијанц арената" во Минхен и е речиси финалист.
Ѕвездата на женскиот германски фудбал по осум години верност во Баерн Минхен, од наредната сезона ќе настапува за Турбине Потсдам, еден од најтрофејните женски фудбалски клубови во Германија, каде настапува и нашата репрезентативка Наташа Андонова.
Со пензионирањето на Пипо Инзаги не заврши ерата на “глумците“ на спортските натпревари. Во најсилната кошаркарска лига во светот од оваа сезона се делат казни за симулаторите на фаули, а најинтересните кои ги ловеле камерите еве ви ги во едно клипче.