Фудбал

Ренесансата во Сан Себастијан

Клубот кој пред три години играше во втората лига и беше на работ на пропаѓање, со помош на навивачите и со 17 фудбалери израснати во нивната младинска академија по 10 години пауза се избори за пласман во Лигата на шампиони.

Офсајд лик на неделата: Марк-Андре тер Штеген

Голманот Марк-Андре Тер Штеген за кој се заинтересирани сите поголеми европски клубови и во кој Германците гледаа сигурен чувар на мрежата во иднина, прими 12 гола на трите настапи за репрезентацијата, а еден од нив беше кикс каков што ретко се гледа на фудбалските терени.

Вардар владее во македонскиот фудбал

Фудбалерите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство. Со петардара во мрежата на директниот конкурент Хоризонт Турново, најтрофејниот фудбалски клуб ја освои 7-та титула во 21-то издание на македонската Прва лига.

Голови на неделата

И оваа недела уредниците на TVGOLO имале тешка задача за да ги изберата најдобрите десет голови за изминатите седум денови. Погледнете и уживајте.

Голчиштето на Пирло

Италијанците не се намачија многу против аматерите од Сан Марино и славеа со 4:0, а третиот погодок на овој натпревар беше ремек-дело од слободен удар на Андреа Пирло.

Голгетерите кои оставија голем белег

Не се работи ниту за Меси, Фалкао, Роналдо или Кавани, туку за напаѓачите кои не ги гледате на насловните страници во весниците, но постојано ги полнат мрежите. На оваа листа ќе ги запознаете најдобрите 10 стрелци во првенствата каде што настапуваат, а повеќе од нив се и шампиони со своите екипи.

Имало и бетер од Енкелман

Финскиот голман Питер Енкелман кој бранеше за Астон Вила беше можеби еден од најисмејуваните голмани, а неговиот кикс е дел од сите можни видео компилации со најсмешни моменти од фудбалските терени. Неговата позиција од денеска ја превзема Марчин Кабај кој е дел од втората полска лига.

Гордиот албион ужива на Копакабана

По разочарувачкото реми на Англија на пријателскиот меч пред два дена против Република Ирска, фудбалерите од островот одржаа релаксирачки летен и лесен тренинг на една од најубавите плажи во светот во пресрет на пријателската средба со Бразил која ќе се одигра во недела на реновираниот стадион „Маракана“.

Оригинален украински бојкот

На крајот од сезоната во украинското првенство, екипата на Карпати се најде веднаш зад зоната за испаѓање, па незадоволните навивачи го искажаа своето незадоволство на оригинален начин.

Кој сака да биде фудбалер?

По примерот на повеќе слични забавни талент шоуа, Парма и Лече организираат натпревар на таленти на кој млади фудбалери ќе се докажуваат за да добијат договор со италијанските клубови.

Најлошото од Серија А

Трагичниот автогол на Гоикочеа, пеналот на Алварез и неколку кардинални голмански грешки се дел од видеото со најлоши потези за сезоната што измина во италијанскиот шампионат.

Бенитезманија

Италијанците се махери за забава. Рафа Бенитез не успеа да издржи ниту една цела година на кормилото на Челси, а навивачите не го засакаа ниту откако ја освои Лигата на Европа. Во Неапол приказната е сосема поинаква. И покрај тоа што Валтер Мацари заврши одлична работа во четиригодишниот престој, навивачите си имаат нов миленик.

Финалето рушеше рекорди на интернет

За време на ланското финале од Лигата на шампиони на Твитер биле регистрирани 32.000 твитови во минута, но оваа сезона тој рекорд беше срушен со неверојатни 117.000 твитови во минута како реакција на последниот судиски свиреж. Овој и уште неколку други рекорди претставени на инфографикот на УЕФА.

Снајдер: Не ми е гајле за Интер

Поранешниот фудбалер на Интер воопшто не е загрижен за мизерната сезона на „Нероаѕурите" со кои пред 3 години стигна до историската тројна круна.

Парите од лото ги инвестирал во омилениот клуб

Норвежанецот Ингвар Боргесен е нашиот херој на денот. Неодамна тој добил на лото и стана милионер по што дел од добивката ја инвестираше во играч од клубот за кој што навива.

Балотели и Кавани најдобри во Серија А

Познатиот италијански дневен весник „Кориере дело спорт" направи сублимат од изминатата сезона во италијанскиот фудбалски шампион и ја направи листата со најдобрите 50 фудбалери според оценките кои ги добивале од весникот во текот на целата сезона.

Неста и Ди Вајо ја прославија титулата

Алесандро Неста, Марко Ди Вајо и Матео Ферари кои на крајот од своите кариери одлучија да заминат на печалба во Канада, по двете средби во финалето од Плеј-офот успеаа да стигнат до шампионската титула. По првите 0:0 на домашен терен против Вајткапс од Ванкувер, италијанското трио ги одиграа сите 90 минути на денешниот реванш на гости и по конечните 2:2 го подигнаа пехарот.

Фудбалерот кој заплака за Левски заврши на трансфер листата

Неодамна пишувавме за хрватскиот голман кој намерно доби црвен картон за да побрза на свадба кај најдобриот другар, а знаете и за Илчо Наумовски кој призна дека добивал црвени картони само за да стигне на дербито Црвена Ѕвезда-Партизан. Еве слична сторија и од соседна Бугарија.

Кралевите “ќе летаат“ со Емирати

Една од најголемите светски авионски компании „Emirates Airlines" го потврди 4 годишниот спонзорски договор со Реал Мадрид вреден 120 милиони евра.

Кој играше највалкан фудбал во Премиер лигата

Магазинот „Тalksport" направи листа со сите 20 клубови од англиската Премиер лига од која ќе видиме кои екипи играле чисто и со помалку фаули, а кои се покажале како најгруби на теренот во текот на целата сезона.

Химната на секој вљубеник во фудбалот

Песната не е певлива, не е оригинална и никогаш не била на топ листа, но сепак 98% од луѓето ја препознаваат, а секој фудбалски фан се наежува кога ќе ја слушне. Тоа е химната на Лигата на шампиони.

Пато повторно се посрамоти

Довчерашниот напаѓач на Милан, Алехандро Пато е цар за утки од најлесна позиција. Неодамна направи потег за најсмешно видео инсерти, а овој пат посакуваше голот да биде повисок.

Владо од Скопје победи на конкурсот на Ливерпул

Владимир Стојков од Скопје е еден од тројцата победници на конкурсот за избор на дизајн на тетоважа за турнејата на фудбалскиот клуб Ливерпул.

Романскиот голман канибал

Луис Суарез сигурно му е идол на голманот на романскиот клуб Петроулул, Мирчеа Морнеску. На натпреварот против Газ Метан тој го гризна противничкиот фудбалер по што настана општ хаос на теренот.