Добитникот на најголемата премија од норвешката лотарија реши да инвестира дел од парите во млад и талентиран фудбалер и да му помогне на својот клуб.
Ингвар Боргесен неодамна доби 13,4 милиони евра на лотарија и реши да вложи 330.000 евра во младиот дефанзивец Фредрик Семб Берг за да може тој да остане во неговиот омилен клуб, Од Гренланд.
„Размислував што можам јас да сторам локално и одговорот беше Од Гренланд. Овој клуб е многу важен за нашата заедница", изјавил Боргесен.
Неговиот омилен клуб во моментов се наоѓа на 14-та позиција од 16 клубови во норвешката лига. Семб Берг е клучен фудбалер во нивниот тим за кого беа заинтересирани повеќе големи клубови, но со инвестицијата на Боргесен, тој доби поголема плата и Од Гренланд сега може да го задржи во своите редови.
Фудбалскиот клуб Од Гренланд соопшти дека за возврат Боргесен ќе добие 25% од трансферот на Семб Берг кој неодамна дебитираше и за норвешката репрезентација.