Трансфер пазарот ќе се затвори на 2. септември и до тогаш ќе се случат уште многу трансфери, но веќе можеме да идентификуваме неколку трендови во преодниот рок според досегашните зделки.
Здружението на професионални фудбалери ФИФПро ги предупреди играчите да не потпишуваат договори во Грција, Турција и Кипар затоа што клубовите не плаќале. Очигледно луѓето од ФИФПро не слушнале за македонскиот фудбал.
Ирански тренер на младински тим од Техеран нападна судија по завршувањето на натпреварот, а нивната пресметка продолжи во тунелот кон соблекувалните. Судијата заврши во болница, а тренерот во полициска станица.
Фудбалерот на Динамо Загреб најверојатно постави некој рекорд, а воедно го доби и нашето ценето признание за офсајд лик на денот. Анте Рукавина заработи црвен картон по само 30 секунди откако влезе во игра.
Австралискиот Македонец кој за малку не стана член на нашата репрезентација, до пред неколку години како полу-професионален играч работел и на градилиште, а следната година 34-годишниот фудбалер ќе настапи на Светското првенство во Бразил.
Тренер на англиски нисколигаш ги отворил очите по вештачки предизвикана кома откако дознал дека неговиот тим победил на воведниот натпревар од новата сезона.
ЕА Спортс го објави трејлерот за FIFA 14, играта која со нетрпение ја очекувате и која ќе има 33 лиги, повеќе од 600 клубови и 16.000 фудбалери. Трејлерот дополнително добива на „тежина" со гласот на Патрик Стрјуарт.
Англиските медиуми открија дека причината заради која Алекс Окслејд-Чембрлен влегува во игра по 71. минута е чудна клаузула во неговиот договор, но во историјата на фудбалот имало уште побизарни клаузули.
Реал Сосиедад оствари голема предност со победата од 0:2 на гостувањето кај Лион во рамките на плеј-оф рундата од Лигата на шампиони, а првиот погодок беше ремек-дело на Антуан Гризман.
Над еден милиони барања влезници пристигнале само по седум часа откако во продажба беа пуштени билетите за Светското првенство кое ќе се одржи во Бразил следната година.
Сензацијата во досегашниот тек на квалификациите за Лигата на шампиони е казахстанскиот клуб Шахтер Караганди, а во пресрет на нивниот дуел со шкотски Селтик, тие открија дека пред секој натпревар вршат обред со жртвување на овца.
Премиер лигата важи за една од најквалитетните фудбалски лиги во светот, но до ова ниво Англичаните стигнаа благодарение на странците. Оваа сезона тие си го срушија рекордот со најмал број на домашни фудбалери во лигата.
На 295 денови пред почетокот, денес точно на пладне преку официјалниот вебсајт на ФИФА ќе започне процесот за продажба на влезници за Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во Бразил следната година.
Сте виделе ли некој голман да заработи црвен картон по изведувањето на пенал? Тоа му се случи на голманот на португалскиот клуб Виторија Сетубал на натпреварот против Порто со што Павел Кишек стана наш офсајд лик.
Италијанскиот фудбалски клуб Пескара за претстојната сезона ќе им подели бесплатни сезонски влезници на невработените и социјално загрозените навивачи.
Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов стана професионален фудбалер. Тој е пријавен како фудбалер на второлигашот Витоша Бистрица и постави рекорд за најстар играч во професионалните бугарски лиги.
На неполна недела пред почетокот на новата сезона во Италија, шампионот Јувентус има продадено најмногу сезонски влезници, но на крајот од сезоната најверојатно Интер повторно ќе биде најгледан тим во Серија А.