Фудбал

Офсајд лик: Павел Кишек

Сте виделе ли некој голман да заработи црвен картон по изведувањето на пенал? Тоа му се случи на голманот на португалскиот клуб Виторија Сетубал на натпреварот против Порто со што Павел Кишек стана наш офсајд лик.

Бесплатни влезници за невработените навивачи

Италијанскиот фудбалски клуб Пескара за претстојната сезона ќе им подели бесплатни сезонски влезници на невработените и социјално загрозените навивачи.

Поранешниот бугарски премиер ќе игра за второлигаш

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов стана професионален фудбалер. Тој е пријавен како фудбалер на второлигашот Витоша Бистрица и постави рекорд за најстар играч во професионалните бугарски лиги.

Интер повторно најгледан тим во Италија

На неполна недела пред почетокот на новата сезона во Италија, шампионот Јувентус има продадено најмногу сезонски влезници, но на крајот од сезоната најверојатно Интер повторно ќе биде најгледан тим во Серија А.

Перуанско автоголчиште

Ренцо Реанос од перуанската екипа Унион Комерсио е автор на еден од најсмешните автоголови во историјата.

„Окото соколово“ сефтосано во Премиер лигата

Новата технологија на гол линијата ја имаше својата премиера на натпревар од Премиер лигата.

Фантомските гледачи во Премиер лигата

Англиската Премиер лига е веднаш зад германската Буднеслига според исполнетоста на стадионите во однос на капацитетот, но неодамна се откри дека клубовите ги „штелуваат" бројките за посетеноста да изгледа поголема.

Еволуцијата на Пеп Гвардиола

Одвојте половина час за брилијантниот документарец посветен на Пеп Гвардиола кој ја следни неговата кариера во Барселона од младинците, преку првиот тим, па се до водењето на каталонската гордост.

Голови на неделата

Уживајте и оваа недела во изборот на TVGOLO за најдобри десет голови од изминатите седум денови.

Вест Хем се откажа од силувачот по реакции на Твитер

Екипата на Вест Хем беше заинтересирана да се засили со Белгиецот Иломбе Мбојо од Гент кој одлежа три години во затвор заради силување, но се откажаа заради негативните реакции на навивачите преку Твитер.

Кралот на дриблингот

26 минутно видео со најдобрите дриблинзи на Лионел Меси или „Кралот на дриблингот".

Натпреварите на Манчестер Јунајтед се најисплатливи

И оваа сезона Англичаните ќе треба да издвојат цело богатство ако сакаат да ги следат во живо натпреварите на нивните омилени тимови, а според висината на цените и бројот на голови, највеќе им се исплаќа на навивачите на Манчестер Јунајтед, а најмалку на Арсенал.

Мексиканска лудорија

Ваков луд гол до сега не сте виделе! Тој е дело на 13-годишниот Себастијан Кастро од младинскиот тим на Гвадалахара.

Трибина на стадионот на Дерби ќе носи име на економ

По примерот на англискиот клуб Дерби, за педесетина години трибината на стадионот во Автокоманда би го носела името на Елвис (Џемо) - економот на Работнички, Вардар и Металург.

Гигантите обединети против зимско Светско првенство

Челниците на петте водечки лиги во Европа испратија предупредувачко писмо до ФИФА со кое го искажаа своето незадоволство за плановите за поместување на Светското првенство во Катар и негово одигрување во зимските месеци.

Автоголчиштето на Алвес

Дани Алвес ја заби топката во мрежа со глава на начин на кој би му позавиделе многу напаѓачи. Проблемот е што ја заби во сопствениот гол, а тоа беше и единствениот погодок на натпреварот со што Швајцарија успеа да го совлада Бразил.

Не е таму голот!

Репрезентативецот на Чешка, Петр Јирачек на натпреварот против Унгарија успеа да изведе промашување со кое се кандидираше за утка на сезоната.

Работникот од фабриката за цвекло стана херој на Англија

Човекот кој до пред неколку години играл за нисколигаши и работел во фабрика за производство на цвекло, на 31 година имаше деби од соништата за репрезентацијата на Англија и го постигна победничкиот гол против стариот непријател Шкотска.

Бугарија потклекна во финишот

Фудбалската репрезентација на Македонија славеше победа на пријателскиот натпревар против Бугарија со головите на Ибраими и Трајковски и ја прекина серијата од четири порази без постигнат погодок.

Аргентински волеј

Дефанзивецот на Бока Јуниорс, Даниел Диаз ја закова топката во мрежата на Њуелс Олд Бојс со овој прекрасен волеј, но неговиот тим на крајот сепак загуби со 2:3.

УЕФА нема да им прости на Монако, ПСЖ и Сити

Европските фудбалски гиганти добија предупредување од УЕФА која е цврсто решена да ги спроведе законите на финансискиот фер плеј при што на никого нема да му биде прогледано низ прсти.

Тајните зад успехот на Мурињо

Пред почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига која ќе биде одбележана со новите тренерски имиња на трите водечки клубови помеѓу кои и Жозе Мурињо, португалскиот стратег го откри патот до успехот со екипата на Челси.

Голманот на кој цел свет му фаќа сеир

Чуварот на мрежата на младинската репрезентација на Шкотска не само што прими шест гола на натпреварот против Англија, туку успеа да направи и киксови за кои му се смее цел свет.