Фудбалската асоцијација на Англија ја води програмата за почитување уште од 2008. година, а за последната нивна кампања тие добија помош од огромен робот.
Навивачите на германскиот второлигаш Фортуна Дизелдорф го обвинија својот фудбалер Тобијас Левелс за поразот од Минхен 1860, но неговите солзи по неколку минути го направија херој.
Можете ли да замислите во еден тим да играат Лионел Меси, Паоло Мадлини, Пеле, Диего Марадона... а тимот да го води Жозе Мурињо? Од оваа сезона таа слика ќе можеме да ја видиме на теренот на англискиот шестолигаш Фарнборо.
Деновиве на фудбалските терени освен играчите, во центарот на вниманието беа и неколку судии со нивните комични или катастрофални реакции. Еден таков ни доаѓа од Бразил, а друг од Франција.
Инспирирани од мапата на нациите кои се претставени во англиската Премиер лига и ние решивме да направиме скромна мапа на нациите на играчите кои настапуваат во македонската Прва фудбалска лига.
Не е само Луис Суарез со мерак за гризење на противнички фудбалери. Тоа го направи и Едвин Хуртадо од Депортиво Куеведо на натпревар против еквадорската Барселона.
Во исчекување на почетокот на новата сезона во Премиер лигата, Англичаните направија секакви можни анализи, сумирања, предвидувања... а неизбежно беше и креирањето на графикон со мапа на нациите претставени во лигата.
Дидие Дрогба е синоним за трофеи. Со неговиот гол во 99. минута Галатасарај го освои третиот трофеј по неговото пристигнување во Турција, а 10. голем трофеј за кој е заслужен Дрогба.
Денес имавме тешка задача при доделувањето на нашето признание за офсајд лик затоа што во конкуренција беа двајца трапави голмани, но сепак решивме предност да му дадеме на Перуанецот Хуан Флорес во однос на голманот на Челси, Марк Шварцер.
Вечното градско дерби на Букурешт помеѓу Динамо и Стеауа помина со сите салтанати и како што му доликува на едно дерби со прекрасна кореографија, тепачки, голови...
Мортен Нордстранд од данската екипа Нордсјиланд на гостувањето кај Копенхаген постигна погодок за израмнување кој уште од сега ќе се вброи помеѓу кандидатите за најдобри ножички во претстојната сезона.
Англиската Премиер лига стана најпопуларна фудбалска лига во САД, а сега Американците се на добар пат се одвикнат од гледање Кардашијанс и да станат опседнати со фудбал. Телевизиската куќа ЕнБиСи засега одлично си ја врши работата.
Воопшто не е изненадување што изминатата сезона се продадени најмногу дресови со името на Робин ван Перси, но вчудоневидува фактот четвртина од сите можни продадени дресови во Англија се со името на Робин ван Перси.
Францускиот шампион останува голем фаворит за одбрана на титулата, но оваа сезона тие имаат конкуренција од уште еден голем трошаџија. Екипата на Монако со помош на руските милиони, ќе се обиде да им ги замрси сметките на Арапите од Париз.
Фудбалерите имаат работна недела исполнета со тренинзи и натпревари, но само по неколку часа дневно. Нашите во слободно време киснат во кладилници и кафулиња, а во Европа обично играат на плејстејшн, но многумина имаат и по некое интересно хоби.
Во седиштето на УЕФА во Нион беше извршено извлекувањето на паровите за плеј-оф колото за пласман во групната фаза на Лигата на шампиони. Најинтересни ќе бидат дуелите на ПСВ и Милан и довобојот помеѓу Фенербахче и Арсенал.
Во период кога медиумите се преполни со лажни и полувистинити приказни и трансфер сапуници, еве како спортските новинари би можеле да не поштедат од вакви стории и да сумираат било која „трансфер сага" во две реченици.
Откако освои се што можеше да освои, поранешниот најдобар фудбалер на планетата продолжи да мами воздишки со своите голови од слободен удар. Роналдињо синоќа постигна уште еден прекрасен гол од слободен удар што е само една од многуте негови мајстории во богатата кариера. Ова се најдобрите 60 голови од слободен удар на Роналдињо.
На македонската фудбалска репрезентација и оди подобро кога не игра. На најновата ранг листа на ФИФА, репрезентацијата на Македонија напредуваше за три позиции.