Претседателот на УЕФА предложи нова реформа во светскиот фудбал. Мишел Платини сака на Светското првенство во Русија во 2018-та година наместо 32 да настапат 40 репрезентации.
Оваа идеја на Платини беше поттикната од желбата на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер за кратење на бројот на европски тимови на Светското првенство за сметка на репрезентациите од Африка и Азија.
„Се согласувам со Блатер дека ни се потребни повеќе тимови од Африка и Азија. Но наместо да го кратиме бројот на репрезентации од Европа, треба да го зголемиме вкупниот број на 40 тимови. Можеме да додадеме уште две од Африја, две од Азија, две од Америка и по една репрезентација од Океанија и Европа", изјави Платини.
„Фудбалот се менува. Имаме 209 нацонални асоцијации, па зошто да го кратиме бројот кога можеме да усреќиме повеќе луѓе", додаде Платини.
Според претседателот на УЕФА, репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи од по пет тима, а целото Светско првенство би траело три дена повеќе.