Барселона – Реал Мадрид (сабота, 18:00)
Меси и Нејмар против Роналдо и Бејл. Тоа се само дел од ѕвездите кои ќе ги видиме на официјалното 225 Ел Класико во кое Кралскиот тим има 90 победи само четири повеќе од Каталонците. Барселона е прва на табелата без ниту еден пораз сезонава, а со победа на Реал ќе се израмнат на табелата. Ова ќе биде тактичко надмудрување и меѓу новите тренерти Мартино и Анчелоти.
Челси – Манчестер Сити (недела, 17:00)
Нови кормилари во новата сезона во Премиер лигата имаат и англиските гиганти Челси и Манчестер Сити кои годинава се предводени од Мурињо и Пелегрини. Домаќините со сите сили ќе одат на победа против тимот над кој немаат славено од 2008 година. Во изминатите шест дуели на сите натпреварувата Сити има 5 победи, а еден меч завршил без победник.
Шалке – Борусија Дортмунд (сабота, 15:30)
Локалното германско дерби кое минатата сезона беше збогатено и со Комитите кои се збратимени со навивачите на Шалке, нуди секогаш огромен спектакл. Датира од 1925 година, а најголемиот триумф го има тимот од Гелрезкирхен кој во 1940 година победил со 10:0. Шалке има 57, Борусија 48, а 37 натпревари завршиле без победник. Минатата сезона со резултатот 2:1 Шалке ги доби и двете пресметки во Бундес лигата.
Монако – Лион (недела, 17:00)
Лион за жал го нема годинава истиот квалитет за да им пркоси на ПСЖ и Монако, двата најголеми конкуренти за титулата во Франција. Но дуелот не е воопшто за потценување. 11 позиција воошто не му личи на седумкратниот француски шампион кој беше неприкосновен од 2002 до 2008 година. Фудбалерите на Монако ќе се обидат и понатаму да останат непоразени во првенството.
Порто – Спортинг (недела, 20:45)
Ова е без конкуренција најважниот натпревар во Португалија која се смета за битка помеѓу Северниот и Јужниот дел на земјата. Историјата на овој двобој е долга од 1922 година, а доказ за неизвеснота се бројките. На досегашните 2013 дуели Порто има 77, Спортинг 76, а дури 60 натпревари завршиле нерешено.
Андерлехт – Стандарт (недела 18:00)
Тимот на Андерлехт не тргна во одбрана на титулата според очекувања и на стартот од белгиското првенство се петтата позиција на табелата. Со победа на дербито ќе му се доближи на првопласираниот Стандарт кој е лидер на табелата со 7 бода повеќе.
Цирих – Базел (недела 16:00)
Швајцарскиот шампион кој ја слави титулата во првенството четири години по ред е фаворит на дуелот против Цирих кој се наоѓа на седмата позиција на табелата. Базел е подобар и во досегашните меѓусебни дуели со 37 победи, за разлика од Цирих кој има 13.
Кликнете на натпреварот кој ви прави мерак за типување каде ќе ги видите коефициентите, но и ќе дознаете како најчесто се типувани.